Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите во Кочани одбиле средба: „Подготвен сум да одам кај нив“

11.05.2025 14:58
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на трагично загинатите млади во кочанската дискотека „Пулс“ одбиле да се сретнат со него во Владата. Тој истакна дека е подготвен да отпатува во Кочани и таму да разговара со нив.

„Жалам за нивната одлука. Немам никаков проблем да заминам за Кочани и да се сретнам со родителите. Ќе направам сè што е во моја моќ за да им помогнам, колку што можам,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека досега не добил официјална покана за средба во Кочани, но дека сега ја прифаќа иницијативата.

Изјавата доаѓа откако родителите на жртвите од трагедијата што се случи на 16 март оваа година, со писмено соопштение на 9 мај, одбија да се сретнат со премиерот во Владата. Како причина го наведоа доцнењето на поканата и нагласија дека сами го поканиле Мицкоски да дојде во Кочани, каде што средбата може да се организира на начин кој ним им одговара, имајќи предвид дека дел од нив не се во можност да патуваат поради последиците од настанот.

Банер

„Сум бил во Кочани и денот кога се случи трагедијата. Не сакам случајот да добие димензија на сензација или политички спектакл, иако некои од опозицијата се обидуваат токму тоа да го направат,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека, иако некои се обидуваат да добијат политички поени преку манипулација со трагедијата, тој останува на располагање за поддршка на семејствата и повика на деполитизација на случајот.

Ad image

„Јас сум тука, подготвен сум да разговарам и да помогнам колку што можам, само за таа болка да биде барем малку олеснета,“ порача премиерот.

Во меѓувреме, вчера во Кочани се одржа петтиот протестен марш на семејствата и блиските на загинатите и повредените, кои повторно побараа правда — правична и неселективна.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Странски државјани уапсени на граничниот премин „Табановце“ поради наркотичка материја

Приведен возач од ресенско, управувал возило под дејство на алкохол

Донирани производи за повредени во пожарот

Акција на полицијата во Карпош: шест лица уапсени, пронајдена дрога

Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште, ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Локално

В четврток ќе заседава Советот на Општина Битола

Локално

Општина Битола објави конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“

Македонија

Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?