Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Фудбал

Милевски повика 26 фудбалери за Белгија и Казахстан

02.10.2025 20:00
Сподели

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања.
Од комбинација отпаднаа повредениот Лирим Ќамили и Димитар Митровски, а повратник е Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Во составот на Македонија се следните 26 фудбалери:

Банер

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија);

Ad image

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија);

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија);

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

„Имаме двајца повратници, Стефан Ашковски и Давид Бабунски, а за жал поради повреда ќе отсуствува Лирим Ќамили. Што се однесува до предизвикот, за нас сите натпревари се главни. Досега одигравме пет големи битки, а така ќе биде и на преостанатите три.
Белгија останува главен фаворит во нашата група, но ние покажавме дека можеме да играме против сите. Никој не може да ни ја одземе надежта за пласман на Светското првенство. Ќе се подготвуваме максимално сериозно и ќе сториме сè за да постигнеме успех. Нашата цел е да докажеме дека Македонија може да биде конкурентна и против реално поквалитетни селекции.

Имаме ние во нашиот македонски ген еден посебен икс-фактор што не знаеме кога ќе проработи. Понекогаш излегува тогаш кога е најпотребно, во моменти кога сите мислат дека е невозможно. Тоа е нашата сила, нашата верба и инает, нешто што не се гледа секогаш на табелата, ама на теренот прави разлика.“

Собирот на репрезентацијата е закажан за 6 октомври. Македонија најпрво ќе истрча против Белгија на 10 октомври во Гент, а на 13 октомври во Скопје ќе го пречека Казахстан.

Во моментов, нашата селекција е прва на табелата со 11 бода, еден повеќе од Белгија и Велс.

Извор/Фото:www.ffm.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Флик рече не: Канте е „престар“ за Барселона

Арсенал триумфираше со минимална победа над Манчестер Јунајтед

Шпанија ги објави стадионите за Мундијалот 2030

Њукасл потпиша договор со Жоан Виса за 55 милиони фунти!

Македонија до 19 години поуспешна од БиХ на првата контрола

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Фудбал

Мбапе е подготвен за настап во Суперкупот на УЕФА против Аталанта

Барселона одбила 400 милиони евра за младата ѕвезда: Лудост или мудра одлука?

Фудбал

Арсими во домашното деби во Првa МФЛ на мегдан со Струга Трим Лум

Фудбал

Официјални лица – 5. коло, Прва МФЛ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?