Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Стил и Љубов

Младите во Кина сѐ повеќе се свртуваат кон „имитации“ и поевтини брендови

Сподели

Пекинг, 25 септември 2024 (МИА) – Генерацијата Зет во Кина сѐ повеќе го напушта трендот со брендирана облека и се свртува кон купување „имитации“ и поевтини брендови.

Директорката на „Минтел“ – фирма за истражување на пазарот со седиште во Шангај, Лаурел Гу забележува дека тој тренд и очигледното економско забавување е поврзано со раст на побарувачката на висококвалитетни „имитации“ и алтернативни брендови на социјалните мрежи од 2022 до 2024 година. Според неа, за разлика од пред 10 години, кога кинеските купувачи како најголеми потрошувачи на луксуз во светот, бараа производи од познати западни брендови, сега потрошувачите сѐ почесто бараат финансиски подостапни алтернативи… И, тоа станува нов тренд.

Зголемениот интерес за реплики не е проблем само за етаблираните брендови, туку влијае и на другите сфери на продажба. Во мултинационалниот конгломерат за луксузни стоки, „Луј Витон“, на пр., има пад од 10 отсто во првите шест месеци од оваа година во подрачјето на Азија, во споредба со минатата година.

- Advertisement -

Трендот „пингти“ придонесува и за вкупната слаба потрошувачка и продажбата на мало. Низата економски податоци во текот на летово предизвикува „загриженост“ кај економистите дека Кина може да ја пропушти целта за раст од пет насто, објавена во март.

Кинеските власти во петокот соопштија дека невработеноста кај лицата на возраст од 18 до 24 години, со исклучок на студентите, е зголемена на 18,8 отсто во август. Постојната криза резултираше со остар пад на цените на недвижностите и губење доверба кај потрошувачите. Поединци и компании се обидуваат да ги зачуваат своите приходи со намалување на ресурсите и со инвестиции.

Од Слободан Иванов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Најлесната чанта од тврд материјал досега

Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Мажите губат повеќе калории при водење љубов

Меѓусебното разбирање како клуч за успешна врска

Три тајни што стилските експерти не сакаат да ви ги откријат за совршен љубовен изглед!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Стил и Љубов

Дали станавме емоционално мрзливи? Еве зошто сè помалку луѓе сакаат врски

Стил и Љубов

Дали стилот ја убива љубовта? Како модните избори влијаат на романтичните врски

Стил и Љубов

„Акор“ и „Луј Витон“ го преземаат брендот „Ориент-експрес“

Закони против тн. „евтина мода“ првична одобрен во француското Собрание

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?