Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

На конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2025 г. пријавени рекордни 53 наслови

Сподели

Друштвото на писателите на Македонија информира дека на конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2025 г. се пријавени вкупно 53 дела.

За наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно дело објавено во 2025 г. се пријавени следните 17 дела:

  1. „Раскази од Бостон“ од Марија Воденска („2-ри август“ – Штип)
  2. „С(удба)та“ од Филип Георгиевски („Бата прес милениум“)
  3. „Стројникот“ од Јован Дамјановски („Панили“)
  4. „Винка“ од Весна Дамчевска Илиевска („Индиго – хаб“)
  5. „По линијата“ од Петре Димовски („Дијалог“)
  6. „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски („Арс Ламина“)
  7. „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („ТРИ“)
  8. „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“ од Трајче Кацаров („Панили“)
  9. „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети („Или-или“)
  10. „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ од Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“)
  11. „Светото светило“ од Мирче Б. Нешовски („Менора“)
  12. „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева („ПНВ публикации“)
  13. „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска („Арс Ламина“)
  14. „Арагон“ од Михајло Свидерски („Антолог“)
  15. „Неколку тишини подоцна“ од Ана Стојаноска („Полица“)
  16. „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“)
  17. „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ („ТРИ“)

За наградата „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска збирка објавена во 2025 г. конкурираат вкупно шеснаесет дела:

- Advertisement -
  1. „Царски рез на небото“ од Даниела Андоновска-Трајковска („Матица“)
  2. „Ноември“ од Игор Анѓелков („Или-или“)
  3. „Скршена тишина“ од Елизабета Бандиловска („Бата прес милениум“)
  4. „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски („Макавеј“)
  5. „Сите сите песни Паф“ од Жарко Кујунџиски („Антолог“)
  6. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)
  7. „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски („Арс Ламина“)
  8. „Арабеска“ од Милчо Мисоски („Антолог“)
  9. „Видение на седумте реки: сенки и морници“ од Зоран Пејковски („ПНВ публикации“)
  10. „Чувари на малите нешта“ од Ана Пејчинова („Или-или“)
  11. „Сина синкопа“ од Билјана Станковска (Дијалог)
  12. „Поетиката на водите“ од Мирјана Стојановска („НОВА“ – Битола)
  13. „Живи рани, мелем песни“ од Габриела Стојаноска (самиздат)
  14. „Избор, порта на животот“ од Јусуф Сулејман („Макавеј“)
  15. „Записи на идниот старец“ од Братислав Ташковски („Макавеј“)
  16. „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ од Бранко Цветкоски („Макавеј“)

Во конуренција за наградата „Ванчо Николески“ на ДПМ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2025 г. се следните тринаесет дела:

  1. „Градина полна латици“ од Иван Антоновски („Светулка“)
  2. „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова („Едука Мак“)
  3. „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („ТРИ“)
  4. „Мали приказни за големи сонувачи“ од Владо Димовски („Поинтер“)
  5. „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети („Или-или“)
  6. „Никогаш збогум“ од Александар Кујунџиски („Антолог“)
  7. „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски („Арс Ламина“)
  8. „Облачиња со сини очиња“ од Ели Маказлиева („Едука Мак“)
  9. „Поучни сказни и шарени приказни“ од Ели Маказлиева („Едука Мак“)
  10. „Ние животните и вие децата“ од Љубинка Мијал Донева („Едука Мак“)
  11. „Стапка по стапка, од Дојран до Попова Шапка“ од Васил Мукаетов („Панили“)
  12. „Додо, вонземјанинот и мачорот“ од Фросина Пармаковска (самиздат)
  13. „Орден и значки“ од Стојан Тарапуза („Панили“)

За наградата „Димитар Митрев“ на ДПМ за најдобра книга критика/есеистика објавена во 2025 г. конкурираат следните четири дела:

  1. „Филмско око“ од Игор Анѓелков („Или-или“)
  2. „Час по незадолжителна лектира“ од Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“)
  3. „Враќањето на Орфеј“ од Сузана В. Спасовска („Полица“)
  4. „Книжевни созвучја и огледала“ од Елизабета Шелева („Сивејан“)

За наградата „Мост“ на ДПМ, која се доделува на најдобра книга објавена на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците во Македонија, за 2025 година конкурираат следните три наслови:

  1. “Embsuame Paskajore” („Инфинитивна поука“) од Ахмет Селмани („Академска мисла“)
  2. “Pronicanje tišine” („Проникнување на тишината“) од Љерка Тот Наумова („Академска мисла“)
  3. “Atdheu: burrë pa grua” („Татковината: маж без жена“) од Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“)

Во претстојните денови, јавноста ќе може да чита кратки извадоци од пријавените дела на официјалните Фејсбук- и Инстаграм- страници на Друштвото на писателите на Македонија.

Во согласност со Правилникот и со Деловникот за доделување на годишните награди на ДПМ, за изборот на наградените дела одлучуваат анонимни тричлени жири-комисии, кои се избрани од членовите на Управниот одбор на ДПМ со тајно гласање и чии членови работат самостојно и незвисно. Според веќе востановената динамика на конкурсот, изборот на добитничките дела се одвива во неколку фази: прво ќе бидат објавени полуфиналисти, а потоа и делата што ќе влезат во финалниот избор. Објавувањето на победниците е предвидено за десетто февруари, додека врачувањето на признанијата на наградените традиционално ќе се одржи на 13 февруари, денот на кој ДПМ во 2026 г. ќе одбележи 79 години од своето основање.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„БОШ 2025“: Современата уметност ја окупираше Гевгелија

„Градот ме тера да пеам“ музичка програма во Битола

Фестивал на грчки филм во Скопје и Битола

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ОХРИДСКА УРБАНА ИКОНОГРАФИЈА“ ОД ВИКТОРИЈА ПОП-СТЕФАНИЈА

Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ премиерно во Могила и Новаци

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Промоција на првата авторизирана биографија на Дарко Панчев во издание на „Арс Ламина“

Култура и наука

Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025

Култура и наука

Анастасов ја доби наградата “Нерешки мајстори” на Годишната изложба на ДЛУМ

Култура и наука

Вечерва унгарска филмска вечер на „Охридско лето“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?