Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Најмалку 14 загинати и над 200 повредени од тајфунот „Јаги“ во северен Виетнам

Сподели

Ханој, 8 септември 2024 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа, а околу 200 се повредени откако тајфунот „Јаги“ ја погоди копнената територија на северен Виетнам, соопштија денеска локалните власти, кои продолжуваат со напорите за обновување и помош на погодените, јави ДПА.

Меѓу жртвите се и четворица членови на едно семејство, кои загинале рано утрово кога нивната куќа се урнала, стои во соопштението на секторот за спасување и пребарување на виетнамското Министерство за национална одбрана.

Виетнамскиот премиер, Фам Мин Чин, одржа видеоконференциска средба со претставници на 26 провинции и градови, кои се погодени од тајфунот „Јаги“, за да се разгледаат последиците од оваа природна катастрофа.

- Advertisement -

Според виетнамските власти, повеќе од 3.000 куќи се оштетени, 120.000 хектари оризови полиња се поплавени, а над 1.000 рибници се уништени и однесени со бурниот ветер и вода.

И покрај тоа што „Јаги“ ослабе во тропска бура, во делови од земјата се уште има масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Екипите за итна интервенција работат на отстранување на стотици урнати електрични столбови и десетици оштетени трафостаници.

Тајфунот „Јаги“ го погоди Виетнам вчера, пред рано утринава да ослаби, но властите предупредија на можни поплави и свлечишта во планинските области, бидејќи почвата е преоптоварена со вода.

Претходно, „Јаги“ ги опустоши Филипините, каде загинаа најмалку 16 лица, а во Кина одзеде најмалку четири животи.

Од Сања Костовска/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Шокантна смрт по приведувањето: Мажот пронајден мртов во полициска станица

Нетанјаху со критики за „шокантните сцени“ за време на предавањето на заложниците

Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“

Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја, рече Путин

„Боинг“ објави загуба од 11,8 милијарди долари во 2024 година поради долг штрајк на работниците и безбедносни проблеми

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Кина останува најголема закана за САД, покажува американски разузнавачки извештај

Свет

Трамп ја преиспитува судбината на бегалците од ерата на Бајден

Свет

ЕУ лидерите поддржуваат напори за мир – планиран самит Трамп-Путин-Зеленски

Балкан

Албанската полиција уништи 8,6 илјади стебла марихуана

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?