Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“

05.02.2025 09:35
Сподели

Вашингтон, 5 февруари 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство.

Поздравувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, првиот странски лидер кој го посети Трамп откако тој ја презеде функцијата минатиот месец, американскиот претседател рече дека тој и неговиот тим разговарале за можноста за преселување на Палестинците во земји како Јордан, Египет и други држави во регионот.

Американскиот претседател рече дека би сакал да види договор за „трајно преселување на луѓето во убави домови каде што ќе можат да бидат среќни и да не бидат застрелани, да не бидат убиени“.

Банер Банер BrandEcho

Трамп, исто така, рече дека САД „ќе воспостават контрола над разурнатиот од војна Појас Газа“ откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место и ќе го развијат економски – потег што ќе ја промени повеќедецениската политика на Вашингтон кон израелско-палестинскиот конфликт.

Американскиот претседател го претстави својот изненадувачки план без да даде детали на заедничката прес-конференција по неговата вчерашна средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Изјавата доаѓа по шокантниот предлог на Трамп претходно вчера за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во соседни земји, нарекувајќи ја енклавата, „разурнато место“.

„САД ќе воспостават контрола над Појасот Газа и ние исто така ќе постигнеме нешто. Ние ќе управуваме со тоа и ќе бидеме одговорни за уништување на сите опасни неексплодирани бомби и друго оружје во областа“, додаде американскиот претседател.

„Ако е потребно – и ќе го направиме тоа, ќе воспоставиме контрола врз ова парче земја, ќе го развиеме, ќе создадеме илјадници и илјадници работни места и тоа ќе биде нешто со што целиот Блиски Исток може да биде многу горд“, додаде Трамп.

На прашањето кој ќе живее таму, Трамп рече дека тоа би можело да стане дом на „луѓето од светот“ и дека може да стане „најпопуларната ривиера на Блискиот Исток“.

Нетанјаху, чија војска е ангажирана во жестоки борби со милитантите на Хамас во Појасот Газа повеќе од една година, како одговор рече дека неговиот домаќин „размислува надвор од рамката и има свежи идеи“, демонстрирајќи „подготвеност да го пробие конвенционалното размислување“.

Трамп не одговори директно на прашањето како и со кои права САД би можеле да заземат земјиште во Појасот Газа и да воспостават контрола врз него на долг рок.

Американскиот претседател, исто така, рече дека планира да ги посети Појасот Газа, Израел и Саудиска Арабија за време на посета на Блискиот Исток. Трамп не прецизираше кога планира да направи такво патување.

Од Златко Шумковски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
ТВ Архива
Приказ на над 200 архивски видеа од Македонија.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Холандската полиција во 2024 година конфискувала рекорден износ на криптовалути поврзани со сомнителни криминални активности

Трагедија во Иран: Четириесет девојчиња загинаа во напад на училиште

Тинејџер доживеал срцев удар во теретана, персоналот не знаел како да реагира

Скандалозен закон во Словенија: Полицијата добива нови овластувања!

Унгарија свикува Совет за одбрана по откритието на експлозиви во гасоводот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Индија потпиша договор со Франција за купување 26 ловци „Рафал“

Свет

Ракетната револуција: Започнува производството на Angara-A5M

Свет

Шведска воведува нови мерки против малолетничката деликвенција

Во болница згрижени 16 лица по пожарот на панорамското тркало во Лајпциг

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?