Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Најскапиот платен квадратен метар за стан во Србија чинел 11.668 евра во Белград на вода

Сподели

Белград, 17 мај 2025 (МИА) – Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за квадратен метар на локацијата Белград на вода. Највисока сума е платена за стан со вкупна површина од 342 квадратни метри, 2,6 милиони евра на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски завод.

Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 3,4 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 64.000 евра на територијата на таа општина на локацијата Белград на вода.

Вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во четвртиот квартал од 2024 година изнесувал 2,2 милијарди евра, што е изедначување на рекордот од 2022 година.
Потпишани се 34.834 договори за продажба, со што е достигнато највисокото квартално ниво во изминатите две години.

- Advertisement -

Најголемо учество во вкупниот промет на недвижности има продажбата на станови (1,3 милијарди евра), со учество од 57 проценти.

За куќи се дадени 167,9 милиони евра (осум проценти од вкупната вредност), 163 милиони евра (седум проценти) за градежно земјиште, 108 милиони евра (пет проценти) за деловен простор и 73,4 милиони евра (три проценти) за земјоделско земјиште.

Купувањето на 11 проценти од недвижнините е финансирано со кредити, што е зголемување од четири процентни поени во споредба со истиот период од претходната година.

Во четвртиот квартал од 2024 година, бројот на договори за продажба се зголеми во споредба со истиот период минатата година во Ниш (43,6 проценти), Нови Сад (24,9 проценти), Крагуевац (20,1 процент) и Белград (15,5 проценти).

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Колку пати Сталин го посети фронтот за време на Втората светска војна?

Зошто понекогаш ти се чини дека си на погрешно место – дури и кога сè изгледа правилно?

Погледнете како изгледа слетувањето на охридскиот аеродром (ВИДЕО)

Како Римјаните учеле од своите грешки?

Во Кина измерени рекордни над 40 степени

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Монтреал воведува 24-часовна работа на одреден број кафулиња

Интересно

Просечниот животен век на Кинезите достигна 79 години

Интересно

„Таа си замина од Македонија – и никогаш не се сврте назад!“

Интересно

Зошто повеќе не се радуваме ни кога ни се случува нешто убаво?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?