Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година

11.07.2024 06:41
Сподели

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) – НАТО официјално се обврза да обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година, стои во заклучната декларација усвоена од шефовите на државите и владите на земјите-членки на Алијансата на состанокот во Вашингтон.

„Ние имаме намера да обезбедиме пакет основна помош во вредност од најмалку 40 милијарди евра следната година и потоа да ја одржуваме безбедносната помош на одржливо ниво, така што Украина ќе победи“, се наведува во соопштението, одобрено вчера по локално време во главниот град на САД од Северноатлантскиот совет – највисокиот политички орган за донесување одлуки во НАТО.

Во петокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека алијансата ќе обезбеди воена помош за Украина во висина од 40 милијарди евра следната година. Сојузниците се договориле да го одржуваат овој финансиски ангажман и во 2026 година како минимално ниво потребно за задоволување на потребите на Украина за заштита од руската агресија, додаде тој.

Банер Банер BrandEcho

Меѓутоа, ветувањето за 40 милијарди евра не е повеќегодишен финансиски ангажман за поддршка на Украина, што Столтенберг сакаше да биде одобрено од НАТО. Следната година, алијансата ќе направи ревизија на воената помош за оваа земја.

Унгарија, која се спротивставува на воената помош за Украина, доби право да не ја дава истата.

Ad image

Лидерите на НАТО објавија дека патот на Украина кон членство во НАТО е неповратен, но не наведоа конкретни рокови. Поранешната советска република ќе може да се приклучи кон западниот воен сојуз кога ќе ги исполни соодветните услови и ќе биде постигната согласност меѓу земјите-членки.

Денеска лидерите на НАТО ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанок на Советот НАТО-Украина. Зеленски пристигна во Вашингтон со барања за членство и зголемување на помошта, особено во областа на противвоздушната одбрана.

Завчера, на првиот ден од самитот, сојузниците од НАТО се обврзаа да обезбедат десетици системи за противвоздушна одбрана на Украина, вклучувајќи четири системи „Патриот“.

Во заклучната декларација, лидерите на алијансата изразија загриженост за зближувањето меѓу Русија и Кина и ја осудија поддршката на Пекинг за руската инвазија во Украина. „Продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Русија и Кина, како и нивните заеднички обиди да го дестабилизираат и прекројат поредокот базиран на правила, предизвикуваат длабока загриженост“, се вели во текстот.

Денеска, на последниот ден од Самитот, лидерите на НАТО ќе имаат состанок со партнери од Индо-Пацифичкиот регион и Европската Унија. Поканети се лидерите на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Јужна Кореја, Украина и ЕУ, соопшти Стејт департментот на САД.

Пред почетокот на состанокот во Вашингтон, Кина ја критикуваше активноста на НАТО во Азијатско-тихоокеанскиот регион.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бела куќа: Трамп има моќ да отпушти „секого“ во администрацијата

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел

ОН: Половина милион авганистански деца се изложени на ризик од неухранетост оваа година

Италијанскиот амбасадор во Москва повикан на разговор во МНР поради новинарскиот тим на РАИ во Курск

Мета почна да отпушта работници, 3.600 работни места се укинуваат

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

ЕУ предвиде 1,9 милијарди евра за хуманитарна помош за 2025 година

Свет

Синдикатите во Аргентина се подготвуваат за масовна мобилизација против неолибералната реформа на трудот

Русија обвинува: Молдавската претседателка подготвува план за војна

Свет

Иран: Нема збогатување на ураниум, тврди министерот за надворешни работи

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?