Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕУ предвиде 1,9 милијарди евра за хуманитарна помош за 2025 година

24.01.2025 00:08
Сподели

Брисел, 18 јануари 2024 (МИА) – Европската Унија за својот основен хуманитарен буџет за 2025 година одвои 1,9 милијарди евра, со што останува водечки глобален донатор на хуманитарна помош.

Според еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџа Лабиб, ЕУ останува посветена да им помогне на оние на кои хуманитарна помош им е најпотребна, чија бројка за 2025 година е проценета на над 300 милиони луѓе.

– Нашата хуманитарна помош ќе ги поддржи нашите партнери на терен – агенциите на ОН, организациите на Црвениот крст и Црвената полумесечина, државните и локалната власт и невладините организации, со цел да обезбедат итна помош онаму каде што е потребно, изјави Лабиб.

Банер Банер BrandEcho

Сепак, според неа, самото одвојување на средства за хуманитарна помош не е доволно, туку треба да се создадат услови таа да биде доставена до оние на кои им е потребна.

– Го повторувам мојот повик за безбеден и непречен пристап на помошта до луѓето на кои им е потребна. За ова е потребно сите страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, додаде Лабиб.

Од предвидените средства на ЕУ за помош за 2025 година, 375 милиони евра ќе бидат наменети за поширокиот регион на Блискиот Исток, каде хуманитарната ситуација останува исклучително акутна и кревка, особено во Појасот Газа, како и значителни промени во последните месеци, пред се во Сирија.

За Украина, која е пред прагот на третата година од почетокот на руската агресија, се распределени е 140 милиони евра. Дополнителни уште осум милиони евра се наменети за хуманитарни проекти поврзани со украинските бегалци во соседна Молдавија.

За Северна Африка и Јемен се предвидени 95 милиони евра, кои ќе бидат наменети за справување со сложените политички, економски и социјални предизвици на кои се изложени земјите во овој регион.

За поддршка на ранливите категории население во останатиот дел од Африка се наменети вкупно 510 милиони евра, пред се за земјите од регионите на Сахел, на басенот на езерото Чад, на Централна Африка, на Големите езера и на Рог на Африка, како и за северозападна Нигерија.

Вкупно 113 милиони евра се предвидени за решавање на внатрешните и регионалните последици од случувањата во Венецуела, како и за потребите на најранливите категории граѓани погодени од вооружените конфликти во Колумбија, сложената криза во Хаити и насилството во земјите од Средна Америка, Мексико и Еквадор.

Околу 182 милиони евра ќе бидат наменети за хуманитарна помош во Азија, особено за кризата во Мјанмар и нејзиното влијание врз Бангладеш, како и за Авганистан.

Покрај ова, уште 35 милиони евра се предвидени за регионите на Јужна Африка и на Индискиот Океан, како и пет милиони евра за Јужниот Кавказ и Централна Азија.

Уште над 295 милиони евра се резервирани за други активности во светот, како би биле наметнати од итни случаи или непредвидени хуманитарни кризи кои би се појавиле во текот на годината.

Дополнително, над 110 милиони евра ќе бидат наменети за иновативни проекти и иницијативи за повеќегодишни програмски партнерства и зголемување на капацитетите за одговор на кризи.

Европската комисија од 1992 година има обезбедено хуманитарна помош за стотици милиони луѓе ширум светот во над 110 земји.

Паралелно со ова, Европската комисија внимателно го следи начинот на користењето на доделените средства од фондовите на ЕУ преку својата глобална мрежа на хуманитарни експерти и инсистира на цврсти правила за да се осигура дека нема да има злоупотреби на помошта.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кина остро реагира на еднострани тактики на САД против Венецуела

Трамп повикува на нова ера: Време е да се заборави на Епстин

Сателитски снимки откриваат тајни објекти на рускиот полигон за тестирање

СКАНДАЛ: Пратеник нападна случаен минувач на плоштадот во Приштина

СЗО повика на вакцинација на децата против морбили

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Иран подготвен за компромис: Контрола на нуклеарниот програм за укинување на санкциите

Свет

Бразилците се приклучуваат на украинската армија: Новиот бран на платеници

Свет

Уругвајски претседател Орси ги зајакнува врски со Кина, игнорирајќи ги заканите на Трамп

Свет

Латинска Америка и Шпанија се обединети против агресијата кон Венецуела

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?