Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

НАТО во Романија ја гради најголемата воена база во Европа

Сподели

Букурешт, 18 март 2024 (МИА) – Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море.

Проектот, вреден 2,7 милијарди долари, ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база на романските воздухопловни сили „Михаил Когалничеану“, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе има радиус од речиси 32 километри, ќе се простира на околу 17 квадратни километри и ќе биде дом на околу 10.000 припадници на НАТО и нивните семејства, пишува Њузвик.

Еуроњуз викендов објави дека се започнати работите на основната инфраструктура на базата, како што се пристапните патишта и електричната мрежа. На крајот, изградбата на неколку нови писти се очекува да ги поддржи операциите на различни видови воени авиони.

- Advertisement -

Николае Крецу, командант на воздухопловната база, рече дека ќе има „хангари за одржување, складишта за гориво, муниција, опрема, авијациски технички материјали, симулатори, капацитети за хранење, сместување – сè што е потребно за поддршка на работата и мисиите на оваа база“.

Букурешт се стреми кон поблиска соработка со своите сојузници во НАТО, а особено со САД, додека Црното Море станува сè пооптоварено место на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Од Пандорка Арсовска-Гацова Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари

Хрватска добива 1,1 милијарда евра од ЕУ: Што значи оваа поддршка?

Би-Би-Си: Продажба на оружје вредно 100 милијарди долари меѓу САД и Саудиска Арабија

Поднесена пријава против 10 британски државјани поради воени злосторства во Појасот Газа

Мексико продолжува со преговори со САД за трговските царини

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Балкан

Реализиран првиот сертификациски лет од новиот меѓународен аеродром во Валона

Свет

Анкета: За Данците САД се поголема закана од Северна Кореја и Иран

Балкан

Од 4 јули повисоки патарини во соседна Србија – зголемување од 4,2 %

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?