Од 4 јули повисоки патарини во соседна Србија – зголемување од 4,2 %

Од 4 јули 2025 година ќе стапи во сила новата Одлука за висината на патарините во Србија, согласно со годишниот индекс на потрошувачки цени и растот на малопродажните цени, соопшти Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на својата веб-страница.

Како што се наведува, одлуката е дел од редовната годишна процедура за усогласување на износите на патарините во динари со инфлацијата, односно растот на потрошувачките и малопродажните цени.

Со ова усогласување, патарините ќе се зголемат за 4,2 %, што според државата е официјалната стапка на пораст на цените на мало во изминатата година.

Точните нови износи ќе бидат објавени наскоро на официјалниот портал на ЈП Патишта на Србија.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава