Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Објавени детали од договорот меѓу Украина и САД, се чека рускиот одговор

12.03.2025 07:53
Сподели

Џеда, 11 март 2025 (МИА) – Министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеров, кој учествуваше на состанокот со американската делегација во Џеда, ги објави деталите од договорот со САД.

– САД и Украина презедоа важни чекори кон траен мир за време на денешниот состанок во Џеда, Саудиска Арабија, одржан под покровителство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, изјави Умеров.

Двете страни ја пофалија храброста на украинскиот народ во одбраната на својата земја и се согласија дека сега е вистинскиот момент за почеток на процесот кон траен мир.

Банер

Украинската делегација изрази благодарност до претседателот Доналд Трамп, американскиот Конгрес и народот на САД за поддршката во постигнувањето напредок кон завршување на војната.

Украина ја потврди својата подготвеност да го прифати американскиот предлог за моментален, привремен прекин на огнот во траење од 30 дена, со можност за продолжување со заемна согласност на сите страни, под услов Русија да се согласи и истовремено да го спроведе.

Ad image

САД ќе ѝ пренесат на Москва дека заемноста е клучна за постигнување мир и дека ќе ја укинат паузата во размената на разузнавачки податоци, како и дека ќе ја обноват безбедносната помош за Украина.

Делегациите, исто така, разговараа за хуманитарните напори, вклучително и размена на воени заробеници, ослободување на цивилни затвореници и враќање од Русија на насилно одведените украински деца.

Договорено е двете страни да именуваат преговарачки тимови и веднаш да започнат разговори за долгорочен мир, кој ќе вклучува безбедносни гаранции за Украина.

САД се обврзаа да ги презентираат овие предлози на претставниците на Русија, додека Украина нагласи дека нејзините европски партнери ќе бидат вклучени во мировниот процес.

На крајот, претседателите на САД и Украина се согласија што поскоро да склучат договор за развој на украинските клучни минерални ресурси, со цел зајакнување на украинската економија, надоместување на трошоците за американската помош и обезбедување на долгорочна безбедност и просперитет на Украина.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мексико и Куба: Зајакнување на пријателството

Во голем дел завршена процената на штетите од пожарот во грчката област Атика – 104 куќи целосно или привремено несоодветни за користење

Врз Трамп пукано со пушка АР-15, најпродавното оружје во САД што може да се купи онлајн за 1.000 долари

ОАЕ ќе инвестира во САД 1,4 билиони долари во следните 10 години

Европската Унија ја истакнува важноста на демократијата во современиот свет

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Шокантен случај во Белград: Очув и мајка обвинети за сексуално злоставување на малолетничка

Европратениците бараат прекин на попустливоста кон Србија

Свет

Народот на Еквадор се подготвува за отповикување на претседателот Нобоа

Свет

Организација од Нов Зеланд дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?