Актуелната генерација на Nissan Z е стара само околу три години, но овој елегантен спортски автомобил веќе добива суптилен преобрат. Освежениот Nissan Z (во Јапонија познат како Fairlady Z) овие денови може да се види на Токискиот Автомобилски Салон, прикажувајќи ревидиран преден дел и преубавата нова боја.
Како што наведува Motor1, автомобилот сега се истакнува со елегантен, дводелен дизајн на предната маска со тенки хоризонтални акценти на врвот и отворена долна маска, одвоен панел во боја на каросеријата за почист изглед. Надворешноста е заокружена во преубавата зелена боја наречена Unryu Green, современа верзија на Нисановата класична Grand Prix зелена. Оваа боја се совпаѓа со новите тркала од 19 инчи со 10 крака, кои му даваат на автомобилот остар изглед.

Внатрешноста е обновена со помалку инвазивни промени. Кабината сега добива светло кафеава кожна опција и тоа е приближно тоа, освен новиот рачен менувач за Nismo моделот. Но, обновувањата не се само козметички. Ревидираниот Nissan Z има корист од повторно подесени амортизери, со подобрено управување, а тука се и поголеми кочници.

Ажурираниот Nissan Z прво ќе стигне на јапонското пазар, веројатно до лето оваа година, пред да се упати на другите пазари.

