Volvo со рекордна продажба во март

Шведскиот производител на автомобили Volvo оствари рекордна продажба во март, покажуваат официјалните бројки кои ги објави овој производител.

Согласно истите, во март годинава Volvo продаде за 12% повеќе возила во првиот квартал годинава, во однос на истиот минатата година. Така, на глобално ниво успеа да продаде 78.970 нови автомобили што претставува за 25% повеќе во однос на март минатата година.

Најголем дел од продажбата е остварена на европскиот пазар каде се пласирани 39.756 нови автомобили што пак претставува за 33% повеќе во однос на март 2023 година. Најпродаван автомобил е моделот XC60 со продадени 22.402 примероци. Следи моделот XC40 со продадени 20.557 примероци како и моделот XC90 со продажба од 10.826 примероци.

TAGGED:
Сподели ја оваа објава