На денешната редовна седница на РКЕ донесена е нова одлука за утврдување на највисоката малопродажна цена на горивата. Во просек цените се зголемуваат за 1,33% и новите цени од полноќ се:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 44,776 (денари/килограм)