Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македониум

Од поезија до дипломатија: кој беше Гане Тодоровски

11.05.2026 04:45
Сподели

На денешен ден 1929 година се родил Гане Тодоровски, поет, преведувач. професор, есеисст, книжевен критичар, историчар и публицист.

Тодоровски дипломирал на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што подоцна и докторирал со трудот „Веда Словена и нејзините мистификатори“. Во текот на својата професионална кариера работел и како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“, а долги години бил професор по хрватска и македонска книжевност од XIX век на Филолошкиот факултет во Скопје.

Со книжевна дејност започнал веднаш по ослободувањето, објавувајќи во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и други гласила. Најмногу се посветил на поезијата и препевите, но значаен белег оставил и во критиката, есеистиката и публицистиката. Во текот на животот објавил повеќе поетски збирки, а бил и уредник на бројни книжевни списанија, меѓу кои „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“ и „Разгледи“.

Банер Банер BrandEcho

Неговата творечка и интелектуална активност не се ограничила само на книжевноста. Тодоровски пишувал и филмски сценарија, а како ко-сценарист дебитирал со документарниот филм „Проштевање“ од 1963 година.

Во 1951 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати, од 1969 до 1971 и од 1985 до 1986 година, бил и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата, како и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Од 1997 година бил член на Македонската академија на науките и уметностите.

Во јавниот и политичкиот живот, Гане Тодоровски исто така имал значајна улога. Во 1990 година бил избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција – МААК, а подоцна бил назначен и за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Гане Тодоровски почина на 22 мај 2010 година, а беше погребан на 26 мај во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле. Со погребната литургија чиноначалствувал Архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Негова последна желба била да биде погребан токму во тоа село и на погребот да биде прочитана неговата песна „Завет“ – желба што му била исполнета.

 

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ова биле предлозите за знаме на Македонија

157 години од раѓањето на македонскиот национален херој – Петар Поп Арсов

Лазарополе, но и едни подзаборавени археолошки наоди

22 септември 1946 

51 години од смртта на Кирил Манчевски – великанот на народната песна

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македониум

Паднаа во името на животот за да живеат засекогаш

Македониум

146 години Кресенско востание

Македониум

Живи ги палеа децата и жените – 80 години од масакрот во Беличица

Македониум

Херојски војуваше против фашистите па загина трагично – 102 година од раѓањето на Чеде Филиповски Даме

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?