Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Општина Битола – Бојан Бојкоски е новиот претседател на советот

Сподели

На денешната конститутивна седница беше усвоен новиот состав на Советот на Општина Битола. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола,Тони Коњановски.

Со седницата претседаваше највозрасниот член на Советот, Јагода Талевска од движењето ЗНАМ.

На конститутивната седница присуствуваа и гости од збратимената општина Стари Град – Белград, Република Србија.

- Advertisement -

Во своето обраќање пред новиот советнички состав, градоначалникот Тони Коњановски упати порака за заедништво и посветеност кон развојот на општината:

„Очекувам соработка и взаемно почитување меѓу Советот и градоначалникот, насочени кон заеднички цели – развој, реализација на проекти и конкретни резултати за доброто на Битола. Затоа, ги повикувам сите советници на конструктивен дијалог“, истакна градоначалникот Коњановски.

Во знак на почит, присутните одржаа едноминутно молчење за прерано починатиот советник Зоран Петковски.

За нов претседател на Советот на Општина Битола беше избран советникот Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ, за кого гласаа 18 советници, 11 беа против, а двајца воздржани.

По изборот, новиот претседател истакна:

„Дискусијата во Советот мора да се подигне на повисоко ниво. Нема да дозволам навреди и лични пресметки. Кога има волја, има и резултати. Ќе успееме, само ако сме обединети“, порача Бојкоски.

По завршувањето на конститутивната седница, новиот претседател на Советот на општина Битола, оствари работна средба со градоначалникот Тони Коњановски во неговиот кабинет.

Извор:www.bitola.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Без вода повеќе улици во Карпош 3

Делчево: Започна реконструкцијата на ул „Ванчо Прке“

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

Свежо цвеќе на спомениците во Кочани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

29 aвгуст: ФИЈУК- Меѓународен книжевно-уметнички саем во Гевгелија

Локално

Отворен Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево

Локално

Без струја делови од Долно Лисиче и Кучково

Локално

Утре без вода делови од Тафталиџе

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?