Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија

Сподели

Будимпешта, 1 јуни 2024 (МИА)  – Унгарија сака да ја спречи Европа да влезе во војна со Русија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта и порача дека Унгарците нема да гинат за другите.

-Имаме огромна задача пред нас, каква што никогаш не сме имале. Мораме да ја спречиме Европа да влезе во војна што ќе доведе до нејзино уништување, рече Орбан на митингот „Марш на мирот“ во Будимпешта за поддршка на политиката на унгарската Влада против ширењето на конфликтот во Украина.

Унгарскиот премиер оцени дека денеска Европа се подготвува за војна, дека секој ден во Украина се слеваат стотици милијарди евра, нуклеарно оружје се става среде Европа.

- Advertisement -

-Се чини дека нема сопирачки во провоениот воз, а машиновозачот полудел, рече Орбан, додавајќи дека мора да се повлече сопирачката за итни случаи за да можат барем оние што сакаат да излезат од него и да останат надвор од војната.

Орбан зборуваше и за тоа како Унгарија сега е посилна од кога било во последните сто години, дека претставува мирен и силен остров во средината на Европа, но дека клучното прашање е дали ќе се откаже од мирот.

-Ние нема да одиме во војна и нема да гинеме за другите на туѓо тло, рече Орбан, пренесе Индекс.хр.

Тој додаде дека не смее да се дозволи спроведување на опасните планови на ЕУ и НАТО, кои водат до ширење на конфликтот во Украина и ги повика граѓаните на претстојните избори да гласаат за партии кои се залагаат за мир, а не за војна за Европскиот парламент.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Калкулатор: Колку те чини автомобилот годишно?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Дали Ангела Меркел можеше да го спречи конфликтот во Украина?

Во Сараево десет луѓе со симптоми на лептоспироза побарале лекарска помош

Европа на работ на нов конфликт: Два сценарија кои загрижуваат

Децата во Судан на работ на глад: ОН алармираат за хуманитарна катастрофа

Граѓаните на БиХ денеска и утре ги бојкотираат продавниците

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

ЕК бара казни за Бугарија, Грција и Полска поради непочитување на Директивата за патарини

Криминалот во Париз драстично се намали за време на Олимписките игри

Европа останува без лекови: Антибиотици и аналгетици во критичен недостиг!

Свет

Холандија воведува безбедносни проверки на научници и студенти поради страв од шпионажа

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?