Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Оскфам: Додека работниците преживуваат, десетте најбогати Американци заработувале милијарда дневно

22.05.2025 10:26
Сподели

Вашингтон, 22 мај 2025 (МИА) – Додека милиони Американци се борат да ги покријат основните трошоци за живот, 10-те најбогати Американци, и покрај флуктуациите на берзите, заработувале по милијарда долари секој ден и се збогатиле за уште 365 милијарди долари, покажа анализа на „Оксфам“.

Зголемување на богатството претставува добивка од околу милијарда долари дневно за елитната група милијардери, додека, пак, типичниот американски работник во 2023 година заработил нешто повеќе од 50.000 долари.

Податоците доаѓаат во време кога републиканците дебатираат за закон за кој непартиските експерти велат дека ќе ги направи богатите уште побогати и ќе скрати речиси трилион долари од финансирањето за клучните социјални програми.

Банер

– Богатството на милијардерите астрономски се зголеми, додека толку многу обични луѓе се борат да врзат крај со крај, објави во извештајот директорката за економска и расна правда на „Оксфам Америка“, Ребека Ридел.

За да ги утврди добивките на најбогатите, „Оксфам“ во реално време ги мереше промените во богатството на првите 10 на листата на милијардери на „Форбс“ меѓу крајот на април минатата година и крајот на април годинава.

Ad image

Елон Маск, најбогатиот човек во светот, учествува со малку повеќе од половина од вкупното зголемување на богатството, бидејќи во тој период заработи 186,1 милијарди долари. Нето вредноста на сопственикот на „Мета“, Марк Закерберг, и наследникот на „Волмарт“, Роб Волтон, се зголеми за 38,7 милијарди долари. Инвеститорот Ворен Бафет заработи дополнителни 34,8 милијарди долари, додека наследникот на Волмарт, Џим Волтон, заработи 36,5 милијарди долари. Некои милијардери, како коосновачите на Гугл, Лари Пејџ и Сергеј Брин, во тој период изгубиле дел од своето богатство.

Оксфам тврди дека републиканскиот закон, за кој Доналд Трамп рече дека е негов приоритет, дополнително ќе им наштети на обичните луѓе, а ќе им користи на најбогатите.

Според Оксфам, данок од само три проценти на богатство над милијарда долари би обезбедил 50 милијарди долари само од 10-те најбогати Американци, доволно за да се обезбеди помош во храна за 22,5 милиони луѓе за една година.

Други, пак, тврдат дека данокот на богатство би бил многу предизвикувачки, делумно затоа што може да биде тешко да се процени нето вредноста што ја има некој, а некои правни експерти се прашуваат дали данокот на богатство би бил уставен.

Од Јасмина Тасевска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов

Папата Франциск повика на слобода на печатот и ослободување на затворените новинари

Орбан му честиташе на Трамп: Сега е наш ред да го окупираме Брисел

Цената на кафето во рекорден пораст по намалените испораки од Бразил

Евростат: За 16 години 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој во друга земја

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

„Шејн“ под лупа на ЕК поради сомнежи за продажба на илегални производи

Анкета: Речиси 90 отсто од Германците сметаат дека странски актери од Русија и САД се мешаат во изборите во земјата

Свет

Трагедија во Лима: Протестите завршија со смрт и повредени

Свет

Украина негира дека Русите го освоиле Торецк

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?