Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

11.03.2024 07:29
Сподели

Скопје, 11 март 2024 (МИА) – Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Банер Банер BrandEcho

Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Најавени се обраќања и на претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.

Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип. Во Битола комеморативните активности почнаа на 9 март со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Битола. Вчера беше оддадена почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола – „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара, потоа имаше „Поворка на живите“ од Здравствен дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Ad image

Во Штип комеморативните активности почнаа вчера со комеморативна програма во Советот на градот Штип, каде се обрати градоначалникот на Штип Иван Јорданов. Се одржа „Поворка на живите“ од општина Штип до споменикот на депортираните Евреи од Штип, каде се положи цвеќе. Театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ беше изведена во Народен театар Штип.

Од: Магдалена Ристоманов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие поради злоупотреба на постапка за јавен повик

Енергетската транзиција – можност за одржлив развој на општините од Западен Балкан

Александар Андов новиот претседател на Советот на Општина Кочани

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Скандал во Карпош: Лукровски под истрага за злоупотреба на јавни ресурси

Локално

Само една од 800 згради во Карпош ги исполнуваат сите прописи

Македонија

Следните денови сончево, со пораст на температурите

Македонија

Младите и политиката – дали генерацијата Z ќе ја смени Македонија?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?