Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие поради злоупотреба на постапка за јавен повик

03.07.2025 18:13
ФОТО: МВР
Сподели

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г. (54) од Битола, поранешен директор на јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство”, предвидено и казниво по чл.275 в став, а во врска со чл.45 ст.1 „продолжено кривично дело” од КЗ.

Пријавениот во временскиот период од 17.03.2023 до 29.05.2024, при изведување на работите за изградба на фотонапонска електрична централа со максимална инсталирана моќност од 500 кв, во близина на браната на акумулационото езеро Стрежево од хидро системот на ЈП „Стрежево“, лоцирана во с.Црновец, битолско, кога изведувачот на проектот од Скопје не ги исполнил временските рокови за изградба на фотонапонската електрична централа по фази, пријавениот свесно ги повредил прописите и спротивно на чл.101 ст.6 т.4 од Законот за јавни набавки, иако бил должен, не ја активирал банкарската гаранција од 50.000 евра. Пријавениот, исто така, по завршување на обврските на изведувачот, не му ја исплатил целата сума од договорот од 22.534.016 денари, туку делумно, односно 3.356.012 денари, со што му нанел штета на јавното претпријатие во износ од 3.356.012 денари, вклучувајќи ги тука и затезните камати и други трошоци.

Исто така, пријавениот на 10.07.2023 дал налог да се изврши исплата на фактура од 7.767.008 денари кон истиот изведувач, без да биде целосно завршена работата од договорот, со што свесно ги пречекорил границите на своето службено овластување, свесно нанесувајќи штета на претпријатието од 3.056.000 денари. На 10.05.2024 пријавениот самостојно, без да ги ангажира соодветните служби, изготвил и доставил фактура од 1.294.501 денари до истиот изведувач како договорна казна за задоцнување или неисполнување на договорот, со што свесно ги пречекорил своите граници на службеното овластување.

Банер Банер BrandEcho

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Неверојатна измама во Неготино: Му зел 4.000 евра „за да покаже дека еврото важи“

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, во југозападните делови ветер со јачина над 70 км/час

На овие локации МВР користи радар за мерење на брзината

Лице од Битола уапсено за изнуда во заедничка акција на ОЈО и СВР

Заменик-градоначалникот на Град Скопје си поднесе оставка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Коалиција Вреди: Придобивките од Охридскиот договор се посилни од обидите за негова приватизација

Хроника

18-годишен скопјанец осомничен за обид за убиство на пријател

Хроника

Кражба на тротинет – девојка остана без чанта среде Скопје

Хроника

43-годишен маж го убил братот со тесла на неговиот роденден

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?