Интервју со Павел Иванов, кандидат за градоначалник на Општина Штип од редовите на СДСМ и Коалицијата.
1.Господине Иванов, што би сакале граѓаните да знаат за Вас како личност?
ПИ: Сакам нашите дела гласно да зборуваат за нашата личност. Она што нескромно можам да го кажам е дека сум отворен, искрен и транспарентен човек од народот и за народот.
- Што Ве мотивираше токму сега да ја прифатите кандидатурате за градоначалник на Штип?
 
ПИ: Јас сум народен човек. Секогаш сум бил дел од народот , таму каде што е потребно. Со чекање нема да дојдат никакви промени. Промените мора да ги направиме сами. Сакам да докажам дека онаа народната ,, сите сте исти’’ не важи за мене. Да бидам искрен мотивот беше од она што гледав дека му се случува на мојот дом , а тоа е мојот град. Гледав само како се распродава државниот имот, како се покачија сметките за смет и вода, јавните претпријатија тонат во долгови, а од друга страна видовме дека во овие четири години се задоволуваа бизнис интереси од потесниот круг на мојот противкандидат. Мотивот не е функцијата, туку одговорноста што ја чувствувам да го понудам моето знаење и енергија, за да го направиме ова место повторно дом од кој не се бега. Не се кандидирам против некого, туку се кандидирам за иднината на нашата општина.
- Кој ќе биде првиот конкретен потег што ќе го преземете доколку бидете избран за градоначалник?
 
ПИ: Првото нешто што ќе го направам ќе биде ревизија на работењето на претходната локална власт. Каде се трошеле народните пари.
- Како ќе обезбедите транспарентност и отчетност во управувањето со општинските ресурси?
 
ПИ: Општината ќе биде отворена за сите. Со неделни прес конференции за отчет, видео дебати со граѓаните ќе се доближиме до секој. Секој ќе може да постави било какво прашање и за тоа ќе добие одговор лично од мене или од вработените од институцијата. Во нашето работење нема да оставаме простор на неодговореи шпекулации.
- Штип долго време важи за индустриски град, каков е Вашиот план за привлекување на нови инвестиции?
 
ПИ: Навистина имаме визија. Тимски ќе работиме Штип да стане индустриски хаб на регионот. Со проектот „Штип Инвестира – Хала денес ,работа утре“ ќе изградиме модерен индустриски објекти (хали) со површина од 10,000 m², опремени со целосна инфраструктура (струја, вода, приклучок за гас, оптика). Објектот ќе се нуди под поволни услови за закуп на нови странски или домашни компании кои сакаат брзо да започнат со работа.
Со овој проект ќе привлечеме најмалку четири нови компании во општината, што ќе доведат до отворање на 250 до 1000 нови, квалитетни и добро платени работни места. Проектот ќе поттикне трансфер на нови технологии и ќе го зголеми локалниот извоз.
- Штип е и универзитетски град, како планирате да ги задржите младите луѓе овде, наместо да се иселуваат?
 
ПИ: Mладите се во нашиот фокусот така што со креирање на средина во која ќе може да создаваат, растат и придонесуваат е наш приоритет. Во нашата програма нудиме реални можности преку,, Стартап инкубатор’’за младинско претприемништво и образование за иднината со ,,АИ’’ Академија младите да започнат да ја креираат својата приказна во нивниот дом.
Со проектот нова стамбена населба „Киро Глигоров- Дом за млади парови“ обезбедуваме поддршка за 240 млади парови од Штип преку неколку модели за достапно домување: субвенционирана кирија или каматна стапка за станбен кредит, доделување општински парцели за изградба или приватно јавно партнерство. Со ова ќе ги поттикнеме младите да останат, да формираат семејства и да ја градат својата иднина во Штип. Се очекува со овие проекти да ја намалиме миграцијата кон главниот град или во странство.
- Каков е Вашиот план за справување со урбанистичкиот хаос и паркирањето во центарот на Штип?
 
ПИ: Ми се допаѓа прашањето каде што видов дека и вие имате една констатација, а таа е дека во Штип владее урбанистички хаос од епски размери.Најпрво ќе направиме анкета и анализи за,,Едносмерната’’ улица која беше главна артерија во централното градско подрачје за проток на возила, а денес е претворена во шеталиште на улични кучиња. На анкетата граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат да се отвори улицата за проток на возила или сакаат до одреден временски период до 17 часот да биде отворена за проток на возила, а од 17 часот да остане шеталиште. Ќе понудиме неколку решенија и секако со изградба на катни гаражи на клучни локации (кај црквата Св. Спас и Трговскиот центар) и две паркинг платформи на река Отиња. Со овие неколку решенија ќе го решиме проблемот со паркирањето со стотици нови паркинг места, намалување на сообраќајниот хаос и подобрување на урбаната функционалност.
- Како ќе се справувате со евентуални критики од централната власт?
 
ПИ: Зависи дали критиката е конструктивна или истата ќе има некои штетни мотиви. Јас сум отворен и транспарентен за дијалог и за соработка.
- Зошто граѓаните треба да му ја дадат довербата токму на Павел Иванов?
 
ПИ: Затоа што ова за мене не е политичка кариера, туку мисија. Не нудам лажни ветувања, туку нудам чесна работа, посветеност и отворена врата за секој граѓанин. Не ветувам живот без проблеми, но ветувам дека за секој проблем ќе се бориме заедно, отворено и транспарентно. Разликата е во пристапот. За мене, ова не е борба за власт, туку борба за нашиот заеднички дом. Ги повикувам граѓаните да гласаат за искрен пристап кој со нови визионерски решенија
Наташа Заовска

