Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Сподели

Јосип Јошка Броз, внукот на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Веста ја потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Со неверување ја примив веста дека вечерва нè напушти мојот пријател Јошка Броз, внукот на Тито и член на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија. Со него си заминува дел од едно време, а доаѓа обврска за младите генерации да го чуваат споменот и сеќавањето на него,“ напиша Дачиќ.

Јошка Броз беше поранешен српски политичар и основач на здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“, формирано во 2005 година.

- Advertisement -

Роден е во Белград во 1947 година. По разводот на неговите родители, Жарко Броз и Тамара Вегер, кога имал само три години, со сестра му Златица се преселил да живее кај својот дедо Тито и неговата сопруга Јованка.

По основното образование, Броз се запишал во гимназија, но го повторил првиот разред. Работел како шумар и металостругар, а потоа станал придружник на Тито во лов и надзорник на неговите ловишта. Како милиционер во Антидиверзантскиот вод, се грижел за безбедноста на Тито до неговата смрт во мај 1980 година.

Подоцна, Јошка Броз работел како угостител во Белград, каде што ги водел рестораните „Чубурска липа“ и „Тито“.

Неговата политичка активност предизвика бројни реакции. Минатата година тој ги повика земјите-членки на Движењето на неврзаните да гласаат против резолуцијата за Сребреница во ОН – повик што беше игнориран, бидејќи резолуцијата беше усвоена.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Албанскиот парламент усвои декларација за укинување на „законот за војна“ што Грција го има со Албанија, предвидува и враќање на имотите на протераните Чами

Анкета: Поделено мислењето на Грците за американскиот претседател Трамп

Трагедија во судницата: Убиен судија во Тирана

Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран

Скандал во прифатен центар – азилантка тврди дека била силувана од обезбедување

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

25 милиони евра за нова ера во трговијата во Црна Гора

Балкан

Реакција на верските заедници во Албанија во врска со законот за родова еднаквост

Балкан

Словенија: Лидер во наплатата на ДДВ во ЕУ

Балкан

Раст на просечната нето плата во Црна Гора достигна 1.014 евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?