Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Почнува шестиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Почнува шестиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“
Култура и наука

Почнува шестиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“

22.08.2024
Share
SHARE

Охрид, 22 август 2024 (МИА) – Во основното училиште „Ванчо Николески“, во Лескоец во Охридско ќе биде отворено шестото издание на Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Како што е најавено, учениците од ова училиште ќе подготват посебна културно-уметничка програма.

По отворање на манифестацијата, учесниците и организаторите од Друштвото за литература и култура „Мацково“ ќе оддадат пиетет кон македонскиот писател Ванчо Николески, со полагање цвеќе на неговото вечно почивалиште во Охрид.

Годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што, во петок, 23 август, учесниците и организаторите од Охрид и Црвена Вода, ќе ја посетат Мала Преспа, Албанија, регион населен со етнички Македонци.

Таму ќе бидат гости на учениците од средното училиште во Пустец, а ќе ја посетат и Општина Пустец, каде ќе ги прими градоначалникот Пали Колефски.

Ad image

Годинашните учесници ќе бидат примени и во општините Охрид и Дебрца, од страна на градоначалниците, ќе имаат можност да ја разгледаат богатата Галерија на дела од Ликовната колонија Дебрца во Белчишта, како и Спомен-собата на Николески во Црвена Вода, заедно со неговата родна куќа.

Како што соопштија организаторите, манифестацијата ќе трае до петок, 24 август, кога ќе има часови за креативно пишување, односно поетските работилници, а ќе ги води поетот, професор д-р Христо Петрески.

Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески“ се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Италија, додека, финансиски е помогната од општините Охрид и Дебрца, како и од спонзори и помагатели.

Од Бисера Трајковска Извор МИА

You Might Also Like

Продолжен рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024

Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов во „Литература.мк“ во Сити мол

„Автопортрет со седум прсти“ – хроника на современата македонска културна историја под перото на Ацо Шопов

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци

Кина и Русија планираат изградба на нуклеарен реактор на Месечината

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?