Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со појава на слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и планините ќе има слаб снег, информира Управа за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, најчесто од североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека дневните ќе достигнат од 2 до 7 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со слаб ветер од североисток. Минималната температура ќе се спушти до -3 степени, а максималната дневна ќе достигне околу 5 степени.
Во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време.
- Понеделник и вторник преку денот ќе бидат стабилни и суви.
- Кон крајот на вторникот, во текот на ноќта и во среда, се очекува нов влажен бран, со врнежи претежно од снег во повеќето делови од земјата.
Граѓаните се повикуваат на внимателност, особено во утринските и вечерните часови поради можност од намрзнати коловози.

