Активен пожар кај Националниот парк „Јасен“ – изгаснати 21 пожар низ државата

До 9 часот утринава на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 21 се изгаснати, а активен останува пожарот кај Националниот парк „Јасен“ во Општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума.

Изгаснати пожари:

  • Тетово: с. Озормиште, с. Тежето, с. Слатино, с. Џепчиште (ниска вегетација), кај железничка станица (ѓубре)
  • Струмица: с. Смолари (ниска вегетација)
  • Новаци: во близина на РЕК Битола (ниска вегетација)
  • Велес: с. Отовица (ниска вегетација)
  • Гостивар: кај фирма Мизраше, с. Симница (ниска вегетација/ѓубре)
  • Карбинци: с. Крупиште (ниска вегетација)
  • Битола: с. Братиндол (ниска вегетација)
  • Прилеп: Касарна Прилеп, с. Дебреште, с. Лопатица (ниска вегетација)
  • Куманово: до патарината КУ-СК (ниска вегетација)
  • Јегуновце: с. Шемшово (ниска вегетација)
  • Сарај: с. Радуша (ниска вегетација)
  • Ранковце: (ниска вегетација)
  • Кичево: с. Црвивци (ниска вегетација)
  • Валандово: Валандово (ниска вегетација и плантажа)
  • Студеничани: с. Малчиште (нискостеблеста вегетација)

ЦУК апелира граѓаните да бидат внимателни и да пријават секое забележано огниште за навремена интервенција.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава