Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Политички пресврт во Бугарија: Радев поднесува оставка

19.01.2026 20:34
Сподели

Бугарскиот претседател Румен Радев во вечерашното обраќање до нацијата соопшти дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата. Радев заминува точно една година пред истекот на мандатот, што отвора нова политичка неизвесност во земјата.

По неговото повлекување, функцијата претседател привремено ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова, која ќе има уставна обврска да именува службена влада и да распише предвремени парламентарни избори.

Во своето излагање, Радев потсети дека граѓаните двапати му ја довериле функцијата – првпат во 2016 година и повторно во 2021 година – со мандат да работи во интерес на државата. Според него, во изминатите девет години, Бугарија го заокружила процесот на европска интеграција, при што нагласи дека заслуга имаат и редовните и привремените влади.

Банер

Радев истакна дека Бугарија денес е членка и на Шенген-зоната и на Еврозоната, што, според него, претставува историски исчекор за државата.

Иако директно не најави формирање политичка партија, ниту учество на претстојните избори, бугарските медиуми оценуваат дека неговото обраќање остава простор за такво сценарио. Според дел од анализите, евентуалната партија предводена од Радев би можела да одигра значајна улога, па дури и да оствари победа на новите парламентарни избори.

Ad image

Румен Радев е петтиот демократски избран претседател на Бугарија. Редовните претседателски избори треба да се одржат кон крајот на годинава, а новоизбраниот шеф на државата се очекува да положи заклетва во јануари 2027 година.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Студентите во блокади во Србија одат во нова акција

Албанија е една од 10-те земји во светот со најзагаден воздух

Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија

Во Грција ќе се отворат дополнителни центри за вакцинација против мпокс

Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Шокантен инцидент – Змија касна седумгодишно момче на плажа

Балкан

Хрватска инвестира 284.000 евра во развој на аеродромот во Мостар

Балкан

Просечна плата во Црна Гора 1.012 евра

Балкан

В петок повторно Совет за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?