Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Студентите во блокади во Србија одат во нова акција

12.02.2025 13:00
Сподели

Белград, 12 февруари 2025 (МИА) –  Студентите од четири државни универзитети во Србија, кои речиси три месеци блокираат повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, подготвуваат нова акција, а во тек е студентски марш од Белград и Ниш до Крагуевац, каде на 15 февруари ќе одржат заеднички митинг.
Студентите, чии блокади на повеќе од 60 факултети траат од 22 ноември, досега беа поддржани од стотици илјади граѓани ширум Србија на бројни собири и  блокади, каде со 15-минутно молчење  им се оддава почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.

Последниот голем протест се одржа во Нови Сад со блокада на три моста, а следниот беше најавен за 15 февруари во Крагуевац.

Студентите во своите барања бараат надлежните да одговараат за уривањето на бетонска настрешница во Нови Сад, во кое на 1 ноември минатата година загинаа 15 лица, а двајца беа повредени со доживотни последици. Бараат почитување на уставот и законите, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.

Банер

На акцијата најавена за 15 февруари и претходеше штафетен маратон на студенти од Крагуевац кои истрчаа во Белград за симболично да им достават покани на колегите за собирот во Крагуевац.

По првата етапа, учениците од Ниш синоќа беа свечено пречекани во рударскиот град Алексинац, а топло добредојде беше организирано за студентите од Белград и Нови Сад во белградското предградие Сопот.

Ad image

„Кој нема храброст да се бори, нема право да се жали“ – е една од пораките што студентите ја истакнаа на своите транспаренти.

Студентските протести и барања беа поддржани солидарно и преку заедничко учество на земјоделците, бројни синдикати и општествени групи, културни работници, просветни работници од бројни училишта и медицински работници.

На студентите почнувајќи од понеделникот, им се придружија театарските ансамбли во Белград, Нови Сад и Сомбор, како и адвокатите во Србија кои прогласија 30-дневен прекин на работата

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика своите приврзаници да се соберат во Сремска Митровица на 15 февруари и најави дека на тој собир ќе биде усвоена „Народната декларација за Војводина“ – поради наводни обиди за сепаратизам.

Од Златко Шумковски/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини

Завод за статистика на Србија: Државата трета деценија е во депопулација

Претседателката на Косово: Нема докази за воени злосторства на ОВК

Косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен

Санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија повторно одложени

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Курти за промената на српските со косовски возачки дозволи: Србите направија значаен чекор кон интеграцијата

Балкан

Руска амбасада во Сараево: Акциите на САД може да доведат до распаѓање на Босна и Херцеговина

Балкан

Српски туристи блокирани на Мадагаскар поради насилни протести

Балкан

Црна Гора на прав пат кон ЕУ: Како успеа да постигне најголем напредок?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?