Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Политико: Тимот на Волц на НСЦ редовно разговарал на Сигнал за прашањата за националната безбедност

Сподели

Вашингтон, 3 април 2025 (МИА) – Тимот на Мајк Волц во Националниот совет за безбедност (НСЦ) редовно имал разговори на апликацијата Сигнал во процесот на координација на официјалната работа за прашањата за национална безбедност, вклучувајќи ги Украина, Кина, Газа, Блискиот Исток, Африка и Европа, потврдија четири лица кои самите биле додадени во разговорите на Сигнал.

Двајца од тие четворица изјавиле дека имаат директно познавање на најмалку 20 вакви разговори, а сите четворица тврдат дека присуствувале на некои дискусии за чувствителни државни прашања, објави Политико.

-Волц го воспостави целиот процес на комуникација на НСЦ преку апликацијата Сигнал, вели еден од четирите анонимни извори на порталот. Ветераните претставници на националната безбедност предупредија дека оваа практика потенцијално ги прекршува прописите за заштита на чувствителните информации за националната безбедност од странски противници, но исто така ги крши федералните закони за водење на официјални владини записи бидејќи разговорите автоматски се бришат.

- Advertisement -

-Вообичаено беше да се започнуваат разговори на која било тема за национална безбедност, рече еден од учесниците во разговорот, додавајќи дека групите често вклучуваат членови на кабинетот и високи функционери.

Портпаролот на НСЦ Брајан Хјуз изјави дека Сигнал не е забранет на владините уреди, дека некои агенции автоматски ја инсталираат оваа апликација на телефоните на своите вработени, нагласувајќи дека владините службеници ја користеле апликацијата за време на претходните администрации на Бајден и Трамп.

Ниту еден од четворицата неименувани извори не потврди дека знаел дека е споделена доверлива информација, но сите се согласија дека објавите за групни разговори содржат чувствителни детали за активностите за национална безбедност.

„Вашингтон пост“ објави дека Волц и другите членови на НСЦ користеле комерцијална е-пошта во сопственост на Alphabet Inc. за да водат владина работа само една недела откако безбедносните процедури на администрацијата на Трамп беа под двопартиска критика за користење на апликацијата Сигнал за координирање на воените дејствија во Јемен.

Помошник на Волц користел приватна е-пошта за да сподели информации кои вклучуваат чувствителни воени позиции и моќни системи за оружје поврзани со неодреден тековен конфликт, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на достапни владини документи и тврдења на тројца неименувани американски функционери.

Волц добил помалку чувствителни, но сепак доверливи информации на неговата лична е-пошта, вклучувајќи го и неговиот дневен распоред и други деловни документи, според весникот.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Премиерката на Бангладеш поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите

Повици за бојкот на продавниците поради високите цени и во Босна и Херцеговина

Трамп стави крај на историската блокада на американската влада

Министрите на ЕУ договорија нови санкции кон Русија поради смртта на Навални

Во Бразил се урна патнички авион со 62 патници

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Масовни протести на наставниците во Романија поради образовните реформи

Балкан

Опозицијата во Албанија остро реагира на предлогот на Рама за вештачка интелигенција како министерка

Свет

Шпанскиот суд започна истрага против пејачот Иглесијас за сексуална злоупотреба на работнички

Трамп најавува крај на трансродовите политики во САД

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?