Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Полски министер го условува европскиот пат на Украина со историски прашања од Втората светска војна

05.10.2024 13:05
Сподели

Брисел, 5 октомври 2024 (МИА) – Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш најави дека Варшава ќе го блокира пристапот на Украина во Европската Унија, се додека Киев не го разреши прашањето за ексхумацијата на жртвите од масакрите во реонот на северозападниот украински град Волињ, извршени во текот на Втората светска војна.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изјавата на полскиот министер уследи откако во средата Украинскиот институт за национално сеќавање соопшти дека следната година ќе почне теренско истражување на местата на масакрите во Волињ, извршени од страна на украинските националисти.

– Нема да има согласност Украина да се приклучи на Европската Унија, ако не го реши проблемот со Волињ, изјави Косињак-Камиш, при тоа поздравувајќи ја одлуката на Украинскиот институт.

Банер Банер BrandEcho

Тој додаде дека дури и ако другите земји членки на ЕУ се согласат за пристапување на Украина во блокот, неговата конзервативна аграрна Полска народна партија (ПСЛ) ќе ја блокира одлуката за членство, доколку прашањето околу Волињ „остане нерешено“.

Косињак-Камиш нагласи дека по се изгледа Украина заборавила оти и треба поддршка од Полска, потенцирајќи дека за да се приклучи на ЕУ, една земја „мора да исполни одредени услови, не само економски, туку и оние кои се однесуваат на историската вистина“.

Ad image

Тој додаде и дека не се согласува со изјавата на поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, дадена минатиот месец, дека историските прашања, како масакрите во Волињ, треба „да им се препуштат на историчарите со цел да може фокусот да се насочи на градењето заедничка иднина“. Според полскиот министер, ваквата изјава на Кулеба е „најлошата формулација што може да се користи“.

Со ставот на Косињак-Камиш, не се согласи полскиот претседател Анджеј Дуда, која важи за цврст поддржувач на Украина од првиот ден на руска инвазија врз земјата и близок пријател на неговиот украински колега Володимир Зеленски. Дуда оцени дека секој што го блокира пристапот на Украина во ЕУ, постапува во согласност со политиката на рускиот претседател Владимир Путин.

Косињак-Камиш на ова одговори дека не се согласува со ваквиот став, нагласувајќи дека од суштинско знаење за членството на една земја во ЕУ е „да се соочи со минатото и да ги почитува членките на блокот кон која сака да се приклучи“.

– Ние бевме први што им испративме воена помош, но украинската страна изгледа дека заборави на оваа помош, рече Косињак-Камиш.

Коментирајќи ги оценките дека условувањето на членството на Украина во ЕУ може да резултира со поттикнување антиукраински чувства во полското општество, Косињак-Камиш изјави дека „најчесното нешто што треба да се направи е да се постават јасни услови и транспарентно да се кажат очекувањата“.

Според проценките на полската Влада во масакрите кај Волињ, извршени помеѓу 1943 и 1945 година, биле убиени околу 100.000 Полјаци и 5.000 Украинци. Масовните убиства ги извршиле припадници на националистичката герилска Украинска бунтовничка армија (УПА), чија цел била создавање на независна Украина и „протерување на нацистичките и советските окупатори“, но и на Полјаците, од „историската украинска територија.

Од Сашко Панајотов/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Јужна Африка ги брани воените вежби на БРИКС како ‘критични’ во услови на глобални тензии

Пронајдени телата на 31 патник по авионската несреќа во Бразил

Дојави за бомби во училишта во Загреб

Шпанија апелира на воздржаност и нуди помош за медијација

Скандал на Косово: Повеќе од 100 уапсени поради изборна измама

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Кина и ЕУ постигнаа напредок во трговскиот спор за електрични возила

Свет

Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа

Свет

Романските гимназијалци ќе учат за комунизмот како задолжителен предмет

Свет

Жесток одговор од Хезболах – врз северен Израел истрелани 140 ракети

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?