Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Библиотека

Потребата од тишина

Сподели

Човекот секогаш има потреба од тишина. Многу повеќе во денешното време на технократија. Факт е дека живееме во вознемирена и бучна средина.

Како последица на тоа, секојдневниот живот на луѓето е нарушен од многу психо-социјални проблеми. Тие се влошуваат од празни разговори, презаситеност од материјалното, забави и, пред сè, од некритичката мултикултурност. Така, во битието на човековото постоење се појавуваат многу психолошки проблеми, душевни болести и различни нарушувања, со доминантни пројави како што се депресијата, криминалното однесување, скандалозните начини на живот, и на крајот, загубата на душевното здравје.

На оваа гибел се надоврзува големиот тиранин – како што се нарекува – осаменоста. Нема ништо полошо од тоа човекот да се чувствува и да живее осамен во својот живот. Тоа е болна состојба и вистинска тага да живееш и да се чувствуваш осамен, иако околу тебе има толку многу луѓе, а уште полошо е да имаш чувство на напуштеност од роднини, пријатели, соработници и добротвори. Оваа осаменост е навистина трагична реалност и разорувачки елемент на целокупното постоење. Затоа предизвикува духовна немоќ и мрзливост. Но, оваа осаменост нема никаква врска со тишината.

- Advertisement -

Осамен е само оној кој живее без Бога, без чувството за добрата присутност на Бога. Големиот теолог, покојниот професор Пан. Трембелас, говореше: „Го имаш ли Бога? Имаш сè. Го немаш ли Бога? И цел свет да го имаш, ништо немаш“. Значи, не сме сами. Бог е со нас. „Господ е близу“. Не кажувај повторно „сам сум“. Не. Твојот живот го осветува постојаното присуство на Бога. Он е најголемата заедница. И уште, помисли дека твојот личен чувар, ангелот, никогаш не те напушта.

Зборуваме, значи, за тишината според Бога. Се стремиме кон барање на таа тишина. На полезната, креативна и благочестива тишина. Оти, со таа благодатна тишина се отвора перспективата за возобновување на човекот. Човекот кој знае да тихува, се обновува. Тишината носи душевен мир. Го поттикнува трпението и го зајакнува моралот. Носи благотворни мисли и внатрешниот свет се смирува. Само преку тишината според Бога, гневот исчезнува, гордоста опаѓа, омразата се оддалечува, слабоста станува сила, стравот станува храброст, разочарувањето се претвора во корисна надеж, верата се зголемува. Преку оваа тишина во Бога, се наоѓа изгубената радост на животот.

Тишината, се разбира, не значи неактивност. Таа не е пасивност и мрзеливост. Таа не е празнина. Но, значи откажување од неважното, бесмисленото, суетното. Тука навистина размислуваш за: „Суета на суетите, сè е суета“. Затоа, тишината се култивира со трезвен ум. Таа значи стремеж да останеш сам со себеси. И со Оној Другиот, Кој е само Бог. Единствениот ѕид меѓу тебе и Бога се само твоите гревови. Колку што не ги отстрануваш, толку повеќе не комуницираш со Бога. Ѕидот не паѓа, не Го гледаш Бога, остануваш очајно сам.

Таму, се разбира, во светата тишина сфаќаш дека крајното прибежиште е Бог. Таму се отвораш кон Бога, се молиш, размислуваш, плачеш, се каеш, молиш, благодариш, славословиш. Токму затоа тишината е сестра близначка на молитвата. Тишината и молитвата се неразделно поврзани и носат најслатки плодови. Со таа тишина во Бога, се омекнува тврдото срце, се радува душата, се олеснува и се развеселува.

Терминот „тишина (исихија)“ му припаѓа главно на лексиконот на монашкиот живот. Тој значи барање на Бога во тишината, осаменоста, и воопшто во молчењето. Станува збор за голема добродетел и врвно достигнување на тишината. Но, каде да стигнеме таму, до оваа „крајност на совршенството“ според свети Исаак Сирин? Говориме за обичниот и секојдневниот човек, тука во бучната заедница. Таму, во аскетскиот и тивок живот, мерките и критериумите се различни. Таму, во апсолутен степен е примената на библиското слово: „Јас спијам, а срцето мое е будно“ (Песна над песните 5:2), затоа и „на луѓето им изгледа тешко и неподносливо духовно да тихуваат од секоја помисла. И тоа е навистина тешко и напорно“, според Свети Исихиј Презвитер.

Понатаму, да не заборавиме дека и самиот Христос живеел во пустината. Свети Јован Крстител исто така. Апостол Павле три цели години се подготвувал, повлекувајќи се во пустината на Арабија. Свети Василиј Велики заедно со Свети Григориј тихувале во пустината на Понт. И Блажениот Августин, по своите разни скитања, тихувал, изучувал и се нашол себеси на имотот на својот пријател Верекунд.

Се гледа, значи, дека тишината не значи неутралност. Таа крие нешто свето. Во себе има духовност, динамика и перспектива на обновување и надеж. Буквално, функционално и педагошки доаѓа и го преобразува умот, носи љубов и свет подвиг за прочистување на душата. Затоа, напротив, стресот, вознемиреноста, нервозата и бучавата – сето тоа не користи. Тие го разоруваат внатрешниот свет на човекот, ја прогонуваат радоста и веселоста и носат само горки плодови како вкус на животот.

Само тивката средина, како начин на живот, внатрешен и надворешен, е решението. Така, доживувањето на тишината во Христа е најефективниот лек против стресот, осаменоста и песимизмот. Навистина се смируваме и се ослободуваме од секоја бура на овој свет, кога остануваме насамо со Бога, кога се искачуваме во горницата на Тајната Вечера, кога одиме по патот кон Емаус. Затоа, „сами себе, еден со друг и сиот свој живот на Христос Бог да Му го предадеме“.

ИЗВОР

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Глас од Македонија“ – Коле Неделковски

„И уште еднаш црно сонце“ – Ацо Шопов

„Ќе дојде време народот да ви суди за сите злосторства!“

„Ѕвона“ – Матеја Матевски

Трезвеноста е едно, а тагата друго

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Библиотека

Крстана – жената што месеше леб за слободата

Библиотека

„Македонија“ – Анте Поповски

Библиотека

Драга моја мајко – писмо на партизанката Нада Михајловска

Библиотека

Земја – Никола Вапцаров

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?