Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Библиотека

Трезвеноста е едно, а тагата друго

10.08.2025 07:35
Сподели

Кога како мал влегов во Црквата, исполнет со ревност и копнеж, си сметав дека таму луѓето ќе бидат насмеани, дека Христовото Воскресение ќе им блеска во очите, дека нивниот лик и најмногу нивните срца ќе зрачат од радост.

Да, крстот и болката ќе ги има, во врска со тоа немав никакви илузии. Притоа, бидејќи уште од мал имав искусено многу голема болка, веќе бев цврсто убеден дека во овој живот не постои место без насолзени очи. Но за христијанството постојаната егзистенцијална радост е есхатолошка реалност.

Сепак, има огромна разлика меѓу страдалните и тажните очи. И не е тоа најстрашното. Зашто некој со право може да каже дека тагата е исто така дел од животот. Да, така е, сепак едно е да ги доживувам страдањата свои како резултат на испитанијата и проблемите во животот, а друго да го манифестирам христијанскиот живот со тажно и мрачно лице. Едно е да ги примам страдањата како етапа во своето духовно созревање, а потполно друго е да сметам дека христијанинот во никој случај не треба да се смее, туку да биде невротично-интровертен и уште повеќе – да чувствува грижа на совест во радоста.

Банер

Извор на лажната религиозност е токму неспособноста да се израдуваш или поскоро, одрекувањето на радост. Но, радоста е многу важна, бидејќи е несомнено плод на Божјото присуство. Не може некој да знае дека Бог постои и да не се радува. Само кога се поврзани со радоста, стравот Божји и смирението се вистински здрави, автентични и плодотворни. Надвор од радоста сето тоа станува демонско и се претвора во најдлабоко искривување на секој религиозен опит. Станува религија на стравот. Религија на лажното смирение. Религија на грижата на совест: дека сè е искушение и соблазна и дека тие се силно присутни не само во светот, туку и во Црквата. “Религиозните” луѓе на радоста гледаат некако со подозривост.

Треба да сфатиме дека постои огромна квалитативна разлика помеѓу светоотечката трезвеност и психолошката тага. Тие не се поклопуваат. Напротив, тоа се различни духовни состојби. Затоа е неопходно да ја скршиме таа камена и неподвижна маска на вината, која го храни нашиот нарцизам и под привидот на “духовноста” нè држи подалеку од човечките чувства и од она што е длабоко во нас и нè плаши.

Ајде да го најдеме патот кој води до детето во нас што сме го задушиле и обессилиле. Побаравме од него да порасне, да не крева врева, да не зборува и најважното – да не се смее и да не се шегува. Зашто животот наводно е “сериозна работа.” Тој е за големите, а не за децата. Дури и побрзавме громогласно да му нагласиме дека во “духовниот” живот нема смеа и закачки.

Најсериозно го усвоивме своето “јас” и најпосле му се поклонивме и го претворивме во “божество.” Толку многу се занимававме со сопственото “спасение,” што најпосле го загубивме. Бидејќи заборавивме дека тоа не е постигнување, туку дар.

Не се уплашивме од смртта, туку од животот. Не го посакавме Христа и Неговата Црква, туку скривалиштето наречено “религија.”

Ајде да ја разбиеме тагата, бидејќи таа не е трезвеност, туку страв и вина. Детето е уште таму. Тоа сè уште нè очекува. Уште не престанало да се смее и да се шегува. Да се радува на своето постоење. Зашто животот нема никаква смисла, туку самиот тој е смисла. Тој ни е дар од Бога, откровение на полнотата во Христовата личност.

О. Харалампиј Пападопулос

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Календар на неработни денови
Приказ на неработни денови.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

„Македонија“ – Анте Поповски

За молитвата и смислата на животот

Сите минуваме низ тешки мигови

Прославувањето на 1-ви мај во бригадата

Синови и наемници

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Библиотека

Драга моја мајко – писмо на партизанката Нада Михајловска

Библиотека

„Глас од Македонија“ – Коле Неделковски

Библиотека

Бисера – Константин Миладинов

Библиотека

Крстана – жената што месеше леб за слободата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?