Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Повредени пожарникари кршеле шофершајбна за да излезат од возилото додека огнот беснеел кон нив

01.08.2024 09:19
Сподели

Кавадарци, 1 август 2024 (МИА) – Пожарникари од Кавадарци кои биле вклучени во гаснењето на пожарот во светиниколското село Орел се повредиле откако нивното возило се превртило.

– Откако евакуиравме постари луѓе од селото Орел светиниколско, додека го браневме селото од огнот, пожарот ни се доближи толку многу што моравме да го избегнеме. Согледувајќи дека не можеме против природната стихија, моравме да се повлечеме пред неа. Јасно ни беше дека ако останеме, ќе ги жртвуваме сопствените животи, бидејќи пламените јазици голтаа се пред себе. Тргнавме со камионот и најверојатно малку забрзавме за да го избегнеме огнениот обрач. Патот беше лош и одеднаш камионот се преврте, раскажува 41-годишниот Ѓорѓи Вчков, еден од повредените пожарникари.

Во изјава за МИА тој посочува дека неговиот помлад колега успеал да ја скрши шофершајбната и го извлекол.

Банер Банер BrandEcho

– Ни притрчаа на помош колеги пожарникари од другите градови. Веднаш повикаа Итна медицинска помош што не транспортираше до кавадаречката Болница. Таму ни дадоа првична медицинска нега, ни направија испитувања. Бидејќи имав повеќе повреди, вечерта ја поминав во болницата, а сега сум на домашно лекување, раскажува Вчков.

Тој има повреди на главата, раката, ногата, ребрата, а се здобил и со исеченици, додека неговиот колега Никола Сакалиев се здобил со повреди на ногата.

Ad image

Изминатите неколку дена двајцата учествувале во гаснењето на пожарите во неколку општини. Вчков во светиниколско и кумановско, а неговиот колега и во неготинско и росоманско.

Вчков апелира до сите за поголема внимателност и превенција, со цел избегнување на појава на нови жаришта.

Од Светлана Дарудова, Кавадарци Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Лажна туристичка агенција: Две семејства останале без пари и без одмор

Тешка повреда на неготинец при пад од мопед

Дел од општина Центар без струја

Македонија “горда” на врвот на Водно

Староградската песна и музика – вечни чувари на традицијата: Концертот на „Распеани гевгеличани“ ја разбуди душата на градот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Нови 213 случаи на Ковид-19 во државава, починале две лица

Локално

Општина Карпош со демант

Хроника

Притвор за малолетник од Гајре и уште тројца осомничени за убиство во Тетово

Локално

Нова урбана опрема во градскиот парк Крива Паланка

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?