Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Хроника

Притвор за малолетник од Гајре и уште тројца осомничени за убиство во Тетово

13.08.2025 23:56
ФОТО: МВР
Сподели

По повеќе од шест часа сослушување во Основниот суд Тетово, судијата во присуство на претставници од Центарот за социјална работа и јавниот обвинител донесе одлука за определување мерка притвор за малолетниот Л.М. од село Гајре. Тој се сомничи дека е соучесник во убиство извршено на 10 август во Тетово. Обвинителството побара притвор и за уште три лица вклучени во случајот.

„Издадена е наредба за спроведување истражна постапка против осомничените за убиство според член 123 од Кривичниот законик, за неовластено производство и поседување оружје и експлозиви, како и за тешки кривични дела против јавната безбедност. Едно дете, родено во 2010 година, се сомничи како соучесник во убиството, согласно Законот за правда за децата“, информираат од Јавното обвинителство.

Дополнително, наредба за истрага е издадена и за две лица осомничени за обид за убиство, како и за дела поврзани со нелегално оружје и експлозиви.

Банер Банер BrandEcho

Според информациите, лицата за кои е издаден притвор се З.М. и М.Т., додека Р.Т., кој бил повреден за време на настанот, се наоѓа на лекување во Клиничката болница „Мајка Тереза“ во Скопје под полициски надзор.

Како што објави обвинителството, на 10 август на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првоосомничениот и малолетното лице, заедно и со умисла, користејќи автоматска пушка – оружје што е забрането за цивили – испукале повеќе проектили кон возило марка „Голф“. Еден од куршумите го погодил возачот, кој починал на местото, додека совозачот бил погоден со два куршума во градниот кош и задобил тешки телесни повреди опасни по живот. Еден куршум погодил и дете родено во 2012 година, кое се наоѓало во близина на инцидентот.

По нападот, осомничените го напуштиле местото на настанот.

Обвинителството информира дека за сите осомничени лица, вклучително и малолетникот, е предложен притвор, а истражната постапка е во тек.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Охриѓанец осомничен за три кривични дела поврзани со семејно насилство

Шокантен случај: Киднапираната девојка и нејзината киднаперката биле колешки во полицијата

Уапсена струмичанка осомничена за лихварство – од долг од 2.700 евра барала да наплати 15.000 евра

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

Хроника

Разбојништво среде ден во Скопје – маж удрен со тупаница, ограбен и фрлен на земја!

Хроника

Младо момче пронајдено мртво во Скопје – истрагата во тек

Хроника

Тешка несреќа во Крива Паланка: Уругвајци повредени во сообраќајна незгода

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?