Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Македонија

Препораки за здрава празнична исхрана и негативни јавноздравствени ефекти од користењето на пиротехнички материјали. Во продолжение го пренесуваме известувањето во целост.

31.12.2024 13:10
Сподели

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за здрава празнична исхрана и негативни јавноздравствени ефекти од користењето на пиротехнички материјали. Во продолжение го пренесуваме известувањето во целост.

Можеби во празнична атмосфера, забавите, патувањата исполнети со вкусни и примамливи намирници и пијалаци не е лесно да се придржуваме до принципите на здрава и врамнотежена исхрана. Но, со внимателен избор на храна и умереност, можеме да уживаме во празниците, а и по празници без дополнителни здравствени ризици.

ИЗБОРОТ НА ХРАНА ЗАПОЧНУВА ВЕЌЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, СО ПАМЕТНО КУПУВАЊЕ

Ad image

На пазарење е најдобро да одиме наспани и по квалитетен оброк. Тешко ќе одолееме на импулсивно купување доколку сме гладни и по непроспиена ноќ, во такви ситуации ќе купуваме храна богата со шеќер, масти и сол и ќе бидеме склони кон донесување импулсивни одлуки.

Банер Банер BrandEcho

ОСНОВНИ НАСОКИ ЗА ПРАЗНИЧНА ИСХРАНА

„Клучот“ за здрав режим на исхрана е во умереноста. Не јадете сè на гозбите и забавите. Јадете полека. Јадете блиску до вообичаеното време. Не прескокнувајте оброци за да јадете за време на гозбата или забавата. Така ќе е потешко да го контролирате шеќерот во крвта, ќе бидете навистина гладни и веројатно вечерта ќе се прејадете. Одберете овошје наместо грицки. Намалете ја количината на шеќер и не претерувајте со чоколадото.

ЗДРАВ РЕЖИМ НА ИСХРАНА

Избегнувајте пржена, висококалорична, мрсна и зачинета храна, а место таква, подгответе или изберете да јадете варена или храна печена во фурна. При изборот на месо, дадете приоритет на белото месо (пилешко, мисиркино), а ограничете ја употребата на црвено месо со видливи масти. Со месото задолжително подгответе доволно зеленчук и разни свежи салати. Рибата нека биде на празничната трпеза.

ВНИМАВАЈТЕ НА СОЛТА

Отстранете го соларникот од празничната трпеза. Користете несолени замени за солта, како што се црн бибер, луто, лимон, оцет, лук и други зачини.

АЛКОХОЛОТ И ЗАСЛАДЕНИТЕ ПИЈАЛАЦИ СЕ ИЗВОР НА Т.Н. „ПРАЗНИ КАЛОРИИ“

Преиспитајте го вашиот пијалак! Слатките пијалаци кријат кисела вистина. Не купувајте и не складирајте засладени пијалаци дома. Во кафулиња, ресторани и слично, не нарачувате безалкохолни пијалаци и избегнувајте шлагови, преливи, сокови на растворување, сирупи итн. Редовно носете со себе вода во стаклено шише.

Не постои безбедно ниво на консумирање алкохол! Консумацијата на алкохол може да предизвика непосакувани состојби, а алкохолот е и многу калоричен. , За лицата на возраст од 15 до 39 години нема здравствени придобивки од пиењето алкохол, туку само здравствени ризици.

ХИДРАТАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ

Водата нека биде Ваш прв избор!

Ако ви недостасуваат газирани пијалаци, изберете газирана минерална вода без вкус (арома).

Чај или домашно цеден сок без додаден шеќер.

* Имајте предвид дека, ништо од горенаведените пијалаци не се целосна замена за водата, туку може да заменат една порција.

НОЌЕН СОН

Намалениот сон, може да го отежне справувањето со шеќерот во крвта, а заради недоволното спиење, ќе ви се зголеми желбата за внес на храна богата со масти и шеќери. За да се заштитите од нерационален внес на храна, потрудете се навечер да спиете меѓу 6 и 8 часа.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Одделете најмалку 30-45 минути дневно за пешачење.

КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

Понесени од атмосферата, често, особено кај детската и адолесцентната популација, славењето е проследено со зголемена употреба на пиротехнички материјали.

Употребата на пиротехнички материјали има сериозни негативни јавноздравствени последици. Повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти во несреќи.

Најзасегнати се децата, старите лица и лицата со респираторни или срцеви заболувања. Краткорочното изложување на нус-продукти од употреба на пиротехника може да  влоши некоја постоечка белодробна болест или да предизвика астматичен напад. Кај луѓето со срцеви заболувања, краткотрајната изложеност на чад од употребата на пиротехмички средства може да се поврзе со срцев удар и аритмии.

Чадот од употребата на пиротехничките материјали придонесува за загадувањето на воздухот.

Не заборавајте, не страдаат само луѓето, страдаат и животните!

Правилната исхрана, редовната физичка активност и давање приоритет на безбедноста наместо на пиротехниката ќе нѝ помогнат во остварувањето на желбите кои ќе ги посакаме за годината што доаѓа.

Институтот за јавно здравје Ви посакува Среќна Нова 2025 година, среќни и здрави празници!

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Клековски уверува: Интерната комисија е подготвена и транспарентна во својата работа

Ѓорче Петров: Реконструкција на клучни улици

Пожарот кај село Отиштино зафатил и земјоделско земјиште и пчелни семејства

Исмаил: Во Втората македонска бригада учетвувале многу Албанци – Демачи е УЧК колаборационист на фашистите!

ДРАМА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Возило со мигранти излета од патот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Бесплатни дермоскопски прегледи во Неготино: Граѓаните на првата линија во борбата против ракот на кожа

Локално

Дигитализација на Советот на Општина Делчево

Хроника

Возач прегази полицаец во центарот на Скопје

Локално

Аеродром, Илинден и Црешево без електрична енергија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?