Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 28-годишниот Т.Р. од Битола, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба, при што ѝ нанел тешки телесни повреди.
Инцидентот се случил на 17 јануари 2026 година околу 19 часот, а осомничениот бил приведен во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Битола.

