Од Министерство за внатрешни работи ги информираат граѓаните дека утре, 25 јануари, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на уредите за сообраќаен надзор во Куманово и Тетово.
Активностите ќе се реализираат во периодот од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација каде што е поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае релативно кратко – од 15 до 30 минути.
За време на спроведувањето на тестирањето на конкретната локација, сообраќајот привремено ќе биде запрен, по што ќе продолжи да се одвива нормално.
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел безбедно и непречено реализирање на планираните активности.


