Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Бисти на двајца народни херои поставени во дворот на Меморијалниот музеј на Комунистичката партија во Тетово

18.03.2024 19:27
Сподели

Тетово, 18 март 2024 (МИА) – Бисти на двајцата народни херои од Народноослободителната борба Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Циповски-Мерџан се поставени во дворот на Меморијалниот музеј на Комунистичката партија во населбата Два Бреста во Тетово, информираат од Националната установа Музеј на тетовски крај, која раководи со меморијалниот комплекс.

Станува збор за бисти кои до 2005 година беа на градскиот плоштад во Тетово, но потоа беа отстранети при реконструкција. Сојузот на борци досега неуспешно бараше општината да ги врати бистите на градскиот плоштад. Сега по договорот со Музејот на тетовски крај одлучено е да се постават во Меморијалниот музеј во населбата Два бреста каде на 19 март 1943 година е формиран Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија во тогашната куќа на семејстовото Јовановци.

Од Музејот на тетовски крај велат дека нивниот Управен одбор одобрил поставување на бистите во дворот на спомен куќата на ЦК КПМ во населбата Два Бреста. Засега изграден е постамент на кој се ставени бистите, а треба да се работи и на уредување на споменикот.

Банер Банер BrandEcho

– Бистите се времено поставени во дворот на Музеј на тетовски крај со цел непречено оддавање на почит сè додека не се исполнат услови за нивно враќање на градскиот плоштад од каде противзаконски беа отстранети, информираат од Општинската организација на Сојуз на борци-Тетово.

Народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан биле припадници на Третиот тетовски одред и загинале во битката кај мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година. Тодор Ципоски-Мерџан бил роден 1920 година, а за народен херој бил прогласен во 1951 година. Ѓоце Стојчевски-Амбарче кој бил загинал на 25 години, за народен херој бил прогласен 1953 година. За народни херои биле прогласени во 1951 и 1953 година, а бистите на плоштадот во Тетово биле поставени во 1970 година. Спомен биста на Ѓоце Стојчевски-Амбарче има во паркот „Стара библиотека“, а на Тодор Ципоски-Мерџан во кругот на текстилната фабрика Тетекс.

Во борбата со балистите, бранејќи го селото Беличица загинале 19 партизани од Третиот тетовски партизански одред. По завршетокот на борбата со партизаните, балистите убиле 17 жени, деца и старци од селото, а потоа го запалиле до темел целото село. Биле заробиле и четворица партизани, од кои двајца биле стрелани во Тетово два дена потоа, на 21 септември.

Бистите беа отстранети при реконструкцијата на градскиот плоштад кога градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 беше Хазби Лика од ДУИ.

Од Александар Самарџиев, Тетово Извор: МИА

ПРИДРУЖИ СЕ НА ВИБЕР ГРУПАТА НА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС. ПРИТИСНИ ТУКА.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Кампања за деца, жени и стари лица – жртви на семејно насилство

Нова урбана опрема во градскиот парк Крива Паланка

Делови од Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без електрична енергија

Виолетовиот ден: Подигнување на свеста за епилепсијата во Делчево

Климатска иднина на Западен Балкан: Градоначалникот Коњановски на МЕФ 2026

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

86 години од излегувањето од печат на „Бели Мугри“

Локално

Над 500 верници на 20 локации во Општина Прилеп ќе се фрлат по светиот крст за Водици

Локално

Објавен огласот за избор на најуспешен оризопроизводител на општина Кочани

Локално

Најсвежо утрово во Берово и Лазарополе

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?