Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Reading: Професорот Христов: Ќе ја вратиме енергијата на Кочани преку вистински реформи и функционални проекти
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
    • Радио станици
    • Филмови
    • Поткасти
    • ТВ Архива
    • Календар со неработни денови
    • Курсна листа
    • Македонска музика
    • Фото на неделата
    • Амбасади и ДКП
    • Платен промет
    • Поважни линкови
    • Поважни телефони
    • Јавни набавки
    • Предлог типови
Follow US
Home » Blog » Професорот Христов: Ќе ја вратиме енергијата на Кочани преку вистински реформи и функционални проекти
Интервју

Професорот Христов: Ќе ја вратиме енергијата на Кочани преку вистински реформи и функционални проекти

16.10.2025
Share
SHARE

Интервју со Игор Христов кандидат за градоначалник на Општина Кочани од редовите на СДСМ и Коалицијата.

1. Господине Христов, граѓаните на Кочани Ве знаат како професор и поранешен директор на гимназијата “Љупчо Сантов”. Зошто решивте токму сега да се кандидирате за градоначалник на Кочани?

ИХ: Роден сум и пораснав во Кочани. Познати ми се проблемите со кои се соочуваме,  потребите на моите сограѓани и она што недостасува на оваа општина. Подолго време ја следам оваа сфера на општествено живеење. Правник сум, долгогодишен спортист, денес спортски работник, бев директор на образовна институција, дружељубив човек сум и знам како живеат граѓаните во градот и околните населени места.  Сметам дека ова се добри предуслови што ме прават подготвен за оваа функција. Се кандидирав затоа што веќе не сакам повеќе да набљудувам, туку да дејствувам. Активно да придонесам за развојот на Општина Кочани.

2. Кои ќе бидат првите три конкретни приоритети доколку бидете избран за градоначалник?

ИХ: Во мојата програма, која е изработена од страна на бројни кочанци, има многу повеќе што недостасува и што треба да се направи за Општина Кочани. Очекувам првата активност да биде ставање во употреба на новата детска градинка „Детелинки“, која досега многупати беше „отворана“, а сепак е затворена и не работи.

Конкретни три проекти кои ги споменуваме и во рекламните спотови се:

  • изградба на Дом за стари лица во Кочани и
  • изградба на социјални куќички за станарите од Старата касарна
  • употреба на геотермалната вода во бањски цели.

3. Често слушаме за „реформи“, но ретко гледаме резултати. Што точно подразбирате под „развој на Кочани“?

ИХ: Нормално, под реформи разбираме реорганизација и преуредување на многу работи кои не функционираат или пак даваат погрешни резултати. Развојот на Кочани го гледаме преку реорганизација на КЈП „Водовод“ за да добиеме услуги кои граѓаните ги плаќаат и најнормално ги очекуваат, како што се чисти улици и тротоари, собран смет, средување на проблемот со кучињата скитници, зелена општина итн. Развојот на Кочани го гледаме преку неговите потенцијали и ресурси кои не се искористени за намената за којашто можат да бидат, на пример геотермалната вода за бањски и здравствен туризам; Осоговските Планини за развој на туризмот и спортот; реорганизација на сообраќајот и решавање на проблемот со паркирање, реорганизација на пазарот, на Спомен-домот  „АСНОМ“, на Градскиот плоштад итн. Предноста на проектите на кои сме фокусирани ние во однос на другите противкандидати е што целта ни е голем дел од постојните инфраструктурни објекти да ги направиме функционални, бидејќи сега се запуштени. Тоа значи дека тие проекти се реални за реализација во наредниот четиригодишен градоначалнички мандат, затоа што граѓаните сакаат брзи промени, подобрувања, доста им е од чекања и празни ветувања.

4. Според последните податоци, голем број млади го напуштаат Кочани. Како конкретно ќе работите на задржување на младите?

ИХ: Едноставно, треба да им дадеме простор на младите. Да ја направиме Општина Кочани блиска со нив и нивните интереси. Да читаме од исти страници. Општината да им биде домот преку кои тие ќе ги реализираат своите идеи и можности. Ако успееме да ги активираме преку сестраната поддршка како што се културните, спортските, граѓанските организации, ако финансиски ги поддржуваме талентираните, ако добро ги споиме образованието и реалниот сектор – можностите што ги гледаат на друго место како причина за иселување – ќе исчезнат.

5. Како гледате на локалната економија? Има ли Кочани капацитет за привлекување нови инвестиции?

ИХ: Ако Кочани нема таков капацитет илузорно би било да се нафатам на кандидатура за градоначалник. Кочани има и простор и можности за привлекување на нови инвестиции. Кочани пред сѐ е град во кој треба многу да се инвестира и да се гради. Оризовите и другите земјоделски култури кои се можност за привлекување на преработувачка индустрија, геотермалната вода и планинскиот туризам на Осоговските Планини, можностите за развој на обновливите извори на енергија, претприемачкиот дух кои постои кај населението, се огромни можности за привлекување инвестиции.

6. Се зборува за недоверба на граѓаните во институциите. Како ќе обезбедите транспарентност и отчетност во работата на општината?

ИХ: Преку активирање на постоечките прописи. Мора да се почитува работното време и дисциплината на работното место. Нема место веќе за импровизации. Треба да се сфати дека општината е сервис на граѓаните, а не место за одмор и рекреација и за лечење на индивидуални комплекси. Тоа треба да го сфатат вработените, а граѓаните да го почувствувааат како промена. Дигитализацијата и редовната информираност на граѓаните за одлуките, собирањето и трошењето на средствата се можност да граѓаните проценат колку рационално и правично се управува со општината.

7. Доколку некој предлог дојде од политички противник, но е добар за Кочани, дали ќе го прифатите?

ИХ: Секако. Општината треба да биде отворена во континуитет за секакви предлози и сѐ што е логично и разумно треба да се прифати. Предлозите што доаѓаат од политичките противници се работи на кои секогаш им посветуваме многу поголемо внимание. Секој корисен предлог и активност не само што се прифатливи, туку се и причина заедно да се вклучиме во нивната реализација. Само на тој начин ќе градиме општина во која ќе има место за сите, а не таа да претставува поле за антагонистичи активности.

8. Дали имате личен модел или инспирација за тоа како треба да изгледа еден модерен и ефикасен градоначалник?

ИХ: За мене градоначалникот треба да биде информиран, енергичен, човек кој пред сѐ слуша, ги разбира проблемите и да изнаоѓа модуси за нивно решавање на брз, динамичен и квалитетен начин. Човек кој почесто ќе биде на терен одошто во канцеларија. Да не биде хедонист и да запаѓа во уживање на задоволствата кои му доаѓаат од функцијата, напротив, да работи напорно, дури кога другите спијат. Само така доаѓаат успесите. Преку планирање и макотрпна работа. Мора да го мотивира и охрабрува тимот со кои раководи, да гради и да има доверба за резултатите да бидат тимски и побројни.

9. Која е Вашата предизборна порака до граѓаните на Кочани?

ИХ: Драги мои сограѓани. Доста е со немо набљудување и неработење. Ве повикувам на 19 октомври 2025 година масовно да излезете и да дадете поддршка на мојата програма, која ќе го препороди градот! Гласајте за број 5 за Кочани да биде одлично место за живеење.

 

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • Ценовник Локални избори 2025 година
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?