Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

ПРОМОВИРАНИ ПЛИВАЧИТЕ НА 38.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Сподели

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, вчеравечер на улица „Македонија“ присуствуваше на промоцијата на 16-те пливачи од 6 земји кои  во сабота ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон.

Во своето поздравно обраќање Божиновски, истакна-По толку изминато време од врвните  водени походи на легендарните Климе Савин, Нико Нестор, Дики и Атина Бојаџи, Охридското Езеро останува една од најпрестижните светски водени сцени за најпознатите  пливачки асови.

Во изминативе  70  лета, броејќи од годината на првата пливачка трка  многумина се обиделе да го кренат високо златниот Пехар, а  бројната публика крај охридското пристаниште со воодушевување ги чекала и поздравувала врвните спортисти. 

- Advertisement -

Така е и денеска, со ентузијазам го организираме и се радуваме  на годинешниот Охридски Пливачки маратон, најпрепознатливиот  спортски бренд на Охрид и Македонија. Драги: Александар Илиевски, Леонид Мишевски,  Акуилес Балаудо Матео Фурлан, Хуго Риберио,Матиас Дијас Хернандес, Федерико Тамборино,Марко Инглима, Петар Цеков, Лазар Поп Трајков,Елена Лионело,Росана Гошева,Алисја Гедриш, Милица Љубисављевиќ,Ерика Абигал Јенсен и Мајте Ајлен Пука ви благодарам за вашето учество во годинешното маратонско издание. Вие ја продолжувате приказната на Охридскиот пливачки маратон. Преку пливањето и „сечењето“ на разбрануваната вода со вашите нозе и раце вие сте симбол за човечката борба со ограничувањата на сопственото тело, борба со природата и поместување на границите на издржливоста.  Вашите успеси се потврда дека само со силна волја и труд изразен преку напорните секојдневни тренинзи може да се дојде до посакуваниот успех.

Велат дека во фер трка нема победник, има најдобар меѓу најдобрите. На сите вас спортски асови од Македонија, Србија, Аргентина,Италија,  Португалија и Полска ви посакувам добро здравје, среќа и мирно езеро во саботното маратонско издание- подвлече Божиновски.

Годинава на маратонот долг 25 километри, што ќе се одржи на 30 август во водите на Охридското Езеро, ќе пливаат 16 пливачи и пливачки од шест држави. Во машка конкуренција ќе настапат 10, а во женска 6 пливачи. Поради повреда своето учество на маратонот  го откажа пливачката Еда Сајин од Турција.

Вчеравечер во предворјето на црквата Св. Софија се прикажа филмот „70 години маратонско пливање“ во режија  на Илија Пиперкоски.

Извор:ohrid.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Аеродром: Станете волонтер на Европскиот младински олимписки фестивал!

Димитриевски на третата конференција „Србија – нашето семејство“ во Белград

Топол почеток на учебната година – Општина Крива Паланка со поддршка од 3000 денари за секое прваче

Во Пантелеј беше организирано набљудување на метеорскиот дожд Персеиди

Апел до граѓаните за почитување на законските обврски за чистење на оџаците

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош

Локално

Известување до граѓаните – Јавна консултација за регионалниот систем за управување со отпад

Локално

Ѓорче Петров: Нови субвенции за клима уреди и топлотни пумпи

Локално

Делови од Илинден и Карпош денеска без електрична енергија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?