Делови од Илинден и Карпош денеска без електрична енергија

ФОТО: Македонија Денес / www.makedonijadenes.mk

Делови од општините Илинден и Карпош денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата 27 во населбата Белимбегово, додека од 09:00 до 15:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, на потегот кон црквата „Свети Илија“, во општина Илинден.

Дополнително, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Љубљанска“ во општина Карпош.

Надлежните информираат дека електроснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на планираните работни активности.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава