Поради најавени интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска (13 јануари 2026 година) ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Аеродром и Сопиште, информираат од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ во општина Аеродром.
Дополнително, од 09:00 до 15:00 часот, струја нема да имаат и жителите на улицата „23“ во село Сопиште, заедно со сите споредни и подулички во тој реон.
Од ЕВН посочуваат дека прекините се дел од редовни и планирани активности за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа, со цел подобрување на сигурноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

