Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за воени злосторства врз Албанци во 1999 година

12.07.2024 17:00
Сподели

Приштина, 12 јули 2024 (МИА) – Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот Албанец Мухамет Алидемај за виновен и го осуди на 15 години затвор за воени злосторства во војната од 1999 година во селото Избица, општина Србица (Скендерај) во северозападно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според обвинението, Алидемај учествувал, заедно со припадниците на српските полициски и воени сили, во убиството на албански цивили во масакрот во Избица во март 1999 година, во кој се убиени и масакрирани 130 Албанци, објави невладината организација која го надгледува косовското правосудство, „Заклетва за правда“.

Пресудата против Алидемај во петокот ја објави судијата Весел Исмаили, кој рече дека во затворската казна ќе му се смета и времето поминато во притвор.

Банер Банер BrandEcho

Според обвинението од март 2022 година, Алидемај во временскиот период од 24 март 1999 до 11 јуни 1999 година, за време на вооружениот конфликт во Косово, како припадник на српските полициски и воени сили, заедно со други припадници на српските полициски и воени сили насилно ги одвоиле жените и децата и насилно ги принудиле да одат во правец на Албанија, додека мажите кои останале ги егзекутирале со автоматско оружје, при што убиле 130 луѓе. Идентификувани досега се 114 жртви, додека 12 цивили ја преживеале егзекуцијата. По два месеца, се вели во обвинението, од страна на Алидемај и други припадници на српските сили, со багер се откопани телата на убиените и се пренесени со камиони во непознат правец.

По завршувањето на војната, телата на 114 од жртвите биле пронајдени во масовни гробници во Батајница во Србија, како и во Косово, во селата Суходол во Митровица и Новолан во Вучитрн.

Алидемај е уапсен на 31 март 2021 година додека се враќал од Србија во Косово, за прв пат по војната 1998-1999 година. Оттогаш тој е во притвор, а се изјасни за невин по сите обвиненија против него.

Од Илир Ајдини, Косово/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Младите мајстори на класиката, поранешни ученици во гевгелиското музичко училиште, ја освежија музичката сцена во Гевгелија

Традиција и Талент: ООУ „Тихомир Милошевски“ го прослави патрониот празник со стил

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Општина Велес: Градежни активности во населба Превалец

Рано откривање спасува животи: Јавна трибина по повод Светскиот ден на здравјето

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Аеродром: Целосна реконструкција на паркот Бановина во Лисиче

Локално

Без струја утре делови од општините Илинден и Карпош

Локално

Битола: Нови правила за урбана опрема во старото градско јадро

Локално

Подобрување на патната инфраструктура во Негорци- изградба на нов тротоар кон Прдејци и реконструкција на улицата „Ристо Бојмалиев“

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?