Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Првата размена на затвореници меѓу Русија и Западот беше во 1962 година на мостот Глинике во Берлин

Сподели

Лондон, 2 август 2024 (МИА) – Лондонски „Гардијан“ денеска потсетува дека првата размена на затвореници меѓу Русија и Западот се случила во 1962 година за време на Студената војна.

Медиумот потсетува дека таа година две групи се собрале на мостот Глинике, што го дели Западен Берлин од Источна Германија, за да разменат руски шпион и американски пилот.

Од едната страна беа членови на американската воена полиција во кабаници, а од друга беа Советите со крзнени шубари.

- Advertisement -

Рускиот шпион Рудолф Абел го преминал мостот на советската страна, додека американскиот пилот Гери Пауерс, кој бил уапсен во Советскиот Сојуз, преминал на спротивната западна страна.

Тоа беше прва од бројните размени на затвореници која подоцна стана редовна практика која продолжи и по крајот на Студената војна.

Една од големите размени се случи на аеродромот во Виена во 2010 година, во која 10 руски шпиони уапсени во САД беа разменети за четворица Руси обвинети за шпионажа на Запад.

Вчерашната размена има некои сличности со онаа во 1962 година кога беа разменети Абел и Пауерс. Од една страна, во Москва се вратија неколку „илегалци“ кои, како и Абел, поминаа години претставувајќи се како странски државјани на Запад, а цело време шпионираа за Москва. Од другата страна, беа американскиот новинар Еван Гершкович и поранешниот маринец Пол Вилан, кои беа затворени во Русија поради шпионажа.

Меѓутоа, додава „Гардијан“оваа размена е многу поразлична од оние во периодот на Студената војна, бидејќи тогаш имаше договор двете страни да се шпионираат една со друга, а размената на шпиони беше дел од неформалниот договор за да се осигура дека оперативците од која било страна нема да потрошат децении во затвор.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Калкулатор: Дали ти се исплати менувањето на автомобил?
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Откриена тајната на најздравата храна: Зошто сите зборуваат за оваа супер намирница?

Во овие земји Дедо Мраз е забранет

Што се случува со нашиот мозок кога скроламе со часови на телефон?

Балашевиќ пее за Скопје

Што крие најголемата пештера во светот?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Во стан или во куќа – Каде подобро се живее?

АвтомобилизамИнтересно

Во оваа земја автомобилите мора да бидат во бела боја!

Интересно

Како се случи најголемата авионска несреќа во Македонија?

Интересно

Борба меѓу борбен пилот и систем за вештачка интелигенција

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?