Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Првични резулати: Путин освои 87 отсто од гласовите

Сподели

Москва, 17 март 2024 (МИА) – Владимир Путин освоил околу 87 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија, покажаа излезните анкети и првите официјални резултати, што ќе му овозможи уште еден шестгодишен мандат како шеф на државата.

Според Централната изборна комисија, по преброени 50 отсто од гласачите ливчиња, Путин осбоил 87,34 отсто од гласовите. Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) исто така објави дека Путин добил над 87 отсто.

Неговите проитвкандидати – Николај Харитонов од Комунистичката партија има 3,8 отсто од гласовите, Владислав Даванков од партијата „Нови луѓе“ 3,73, а Леонид Слуцки од Либерално-демократската партија 2,96 отсто.

- Advertisement -

Вкупната излезност на претседателските избори во Русија е 74,22%. Одѕивот на гласачите во Москва била околу 66 отсто.

Резултатот на Путин е рекорд во историјата на модерна Русија. Во 2018 година, тој освои 76,69%, а во 2012 година – 63,6%. Дмитриј Медведев победи во 2008 година со добиени 70,28% од гласовите. Во 2004 и 2000 година Путин победи со 71,31% и 52,9%. Во 1996 година, пак, Борис Елцин победи во вториот круг со освоени 53,82% од глаовите на рускиот електорат.

Гласањето во Русија траеше три дена, а гласачите можеа да изберат дали ќе гласаат на традиционален начин, користејќи хартиени гласачки ливчиња или електронски преку терминали за гласање. Можноста за електронско гласање на овие избори ја искористиле осум милиони Руси.

Ова се први претседателски избори на кои гласаа и жителите на четирите украински региони – регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година.

Според руски извори, во окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон можеа да гласаат вкупно околу 4,5 милиони луѓе. На изборите гласаа и жителите на црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Податоците на Централната изборна комисија, покажуваат дека Путин убедливо води и во окупираните украински региони.

Украина го оцени гласањето на окупираните територии како кршење на меѓународното право, и го повика светот да не ги признава изборните резултати. Изборите во анектираните украински делови ги осудија и генералниот секретар на ОН Антони Гутереш и повеќе западни државници.

Претседателските избори ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, а акредитирани се повеќе од 200 парламентарни набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

Во Русија право на глас имаат околу 110 милиони граѓани. Конечните резултати од претседателските избори треба да бидат објавени најдоцна до 28 март.

Од Сашо Арсовски Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп со нетрпение очекува средба со првиот американски папа

САД ЈА ПАУЗИРАА ДЕЛ ОД ВОЕНАТА ПОМОШ ЗА УКРАИНА причините се стратешки

Флорида: Извршена смртна казна за убиец на семејството на поранешната сопруга

Премиерката на Бангладеш поднела оставка бидејќи војската не сакала да пука кон демонстрантите

Во Грузија стапи во сила контроверзниот закон за странски агенти

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Милановиќ: Европа е под водство на недораснати лидери

Свет

Бајден успешно опериран од рак на кожа

Свет

Несогласувања во шпанската владејачка коалиција околу вооружувањето на Европа и членството во НАТО

Свет

Путин прогласува Ден на јазиците на народите на Русија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?