Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Несогласувања во шпанската владејачка коалиција околу вооружувањето на Европа и членството во НАТО

21.03.2025 08:11
Сподели

Мадрид, 20 март 2025 (МИА) – Партиите на шпанската владејачка коалиција ПСОЕ и Сумар денеска во Конгресот го изразија своето несогласување околу трошоците за одбраната и членството на земјата во НАТО.

Иницијативата на Народната партија, изгласана денеска, се залагаше за „потврдување на посветеноста на Шпанија за територијалниот интегритет и целосниот суверенитет на Украина“ и предложи „да се брани учеството на ЕУ и Украина во какви било преговори во врска со завршувањето на руската агресивна војна“.

За секоја точка од иницијативата се гласаше посебно, но на крајот не беше усвоена, бидејќи 165 пратеници гласаа „против“, 136 „за“, а 45 беа воздржани, пренесуваат шпанските медиуми.

Банер Банер BrandEcho

Двете страни се согласија за точката која ја повикува владата да ги „отфрли заканите на американскиот претседател Доналд Трамп до трети земји, особено Панама и Гренланд“.

И ПСОЕ и Сумар, исто така, гласаа за втората точка, која се однесува на „осуда на најавата на Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Појасот Газа со цел да го претвори во одморалиште, откако ќе изврши етничко чистење и раселување на целото палестинско население во трети земји, што би претставувало злосторство против човештвото“.

Сумар, за разлика од социјалистите (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез, гласаше против планот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за повторно вооружување на Европа (ReArm), тврдејќи дека трошоците за одбраната треба да се финансираат со „распоредување на нови европски фондови“, наместо со „множење на националните трошоци“.

Оваа партија, исто така, отфрли „секакво зголемување на воените трошоци“ што ќе резултира со „намалување на ресурсите достапни за социјалната политика“.

Сумар изрази поддршка за „откажување од учеството на шпанската држава во НАТО, напуштање на овој воен сојуз и повикот за негово распуштање“.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
NEW
Планирани прекини на електрична енергија
Приказ на планирани и непланирани прекини на електрична енергија
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија: Долгорочно ги паузираме мировните преговори

Трамп најавува крај на трансродовите политики во САД

Повеќе од 47,000 јавни работници отпуштени во Ел Салвадор

Бугарите и Грците најнезадоволни од животот меѓу членките на ЕУ

Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Германија тврди дека Кина е одговорна за кибер нападот врз владина канцеларија во 2021 година

Свет

Шолц: Предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа е неприфатлив

Балкан

Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење

Свет

Американска бомба од Втора светска војна експлодира на аеродром во Јапонија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?