Носител на процесот за изработка на стратегиите е Општина Куманово, во партнерство со Центарот за ромската заедница ДРОМ – Куманово, со период на имплементација 2026-2030 година.Првата работилница беше посветена на иницијалната анализа на состојбите, идентификување на клучните предизвици и дефинирање на приоритетните области, преку вклучување на релевантни локални чинители, институции и граѓански организации.Преку презентации и отворена дискусија, учесниците на втората работилница, дадоа конкретни предлози и сугестии за унапредување на стратешките цели, мерки и активности, со цел документите да бидат реални, применливи и усогласени со потребите на заедницата.Процесот на изработка на овие стратешки документи претставува важен чекор кон креирање на инклузивни и одржливи политики, насочени кон подобрување на квалитетот на животот на младите и унапредување на здравствената заштита во Општина Куманово.
Извор:kumanovo.gov.mk

