Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Автомобилизам

Разлики во изборот на автомобили: Што возат жените, а што мажите?

Сподели

Најновото истражување на германскиот портал за осигурување Verivox, спроведено на база на сто најчесто осигурени возила помеѓу јули 2023. и јуни 2025. година, открива дека жените и мажите имаат различни преференции кога станува збор за изборот на автомобили. Жените често се одлучуваат за компактни и маневрски градски возила, додека мажите остануваат верни на поголемите автомобили од повисока класа, пренесува Jutarnji.hr.

Разликата во изборот е најочигледна при споредба на два модела на Audi. Audi A1 во дури 73 проценти од случаите завршува во рацете на жени, додека Audi A6 бележи 25 проценти над просечен удел на машки сопственици. На истата линија се и Mercedes E-класа и BMW Серии 5, кои традиционално се перципираат како статусни симболи.

Меѓу тридесетте најпопуларни автомобили за жени, речиси и да нема поголеми модели. Доминираат мали и градски автомобили како Hyundai i10 (62 проценти сопственици), Kia Picanto (61 проценти), Fiat 500 и Nissan Micra (по 60 проценти). Од друга страна, мажите во истите статистики се појавуваат значително под просекот, така што кај Audи A1 нивниот удел е дури 41 процент помал од просекот.

- Advertisement -

Статистиката потврдува и поширока слика: 64 проценти од сите полиси осигурување на Verivox се заклучени од мажи, а според податоците од германскиот регистар на возила (KBA), 62 проценти од возилата се регистрирани на машки сопственици. Иако тоа делумно одразува традиционални улоги, односно дека мажите почесто се грижат за автомобилите и полисите за осигурување, трендот се менува, особено кај помладите генерации.

Сепак, треба да се има на ум дека анализата опфаќа само возила регистрирани на име на осигурениците. Ова создава изобличена слика кога станува збор за семејни автомобили како што се карвани, SUV-ови или моноволумени. Поради тоа што тие често се водат на име на машки член на домаќинството, во статистиката изгледа дека жените претпочитаат исклучиво мали автомобили, иако во пракса исто така често возат и поголеми семејни модели.

Упркос овие ограничувања, податоците јасно сугерираат две струи: жените почесто размислуваат практично и рационално, додека мажите и понатаму се привлекуваат од димензиите и престижот, колку и да звучи стереотипно.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Квалитет на воздухот
Приказ на индексот за загадување/квалитет на воздухот.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Доаѓа крајот на “враќањето на километри“ – наскоро централен регистар за сите возила

BMW не се откажува од бензинските и дизел моторите?!

Новиот Mercedes C-Class Wagon: Премиум изглед, но без ѕвезден шарм

Новиот Lexus NX за 2026 година: Добри и лоши вести

Шведска и Данска: Лидери во безбедности на патиштата во Европа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Автомобилизам

Кинеска компанија ги купи правата на технологијата на словачкиот летечки автомобил „Еркар“

Автомобилизам

Акциите на Volvo Cars скокнаа за 33% по објавувањето на позитивни финансиски резултати

Автомобилизам

Дали кинеските автомобили го задаваат последниот удар на познатите европски брендови?

Автомобилизам

Европската унија воведува нови правила за управување со возила по завршувањето на нивниот животен век

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?