Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Реакиции по иранскиот напад врз Израел

02.10.2024 07:47
Сподели

Париз, 2 октомври 2024 (МИА) – Вчерашниот ирански ракетен напад врз Израел наиде на општа осуда во меѓународната заедница, а нападот, како херојски, беше поздравен само од палестинскиот исламистички Хамас и од милицијата Хути во Јемен.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди ширењето на конфликтот на Блискиот Исток и рече дека тоа мора да престане и дека е потребен прекин на огнот.

-Европската унија најостро го осудува иранскиот напад, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ. Опасниот циклус напади и контранапади ризикува да излезе од контрола. Потребен е прекин на огнот во целиот регион, напиша високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на „Х“.

Банер Банер BrandEcho

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен го оцени нападот како „целосно неприфатлив“ и додаде дека „целиот свет треба да го осуди“.

Тој рече дека Иран истрелал околу 200 балистички ракети и дека првите извештаи покажуваат оти нападот не успеал, со активна помош на САД и другите партнери.

Ad image

Берлин го повика Иран да престане да стрела ракети и изрази страв од ескалација на конфликтот.

-Најостро го осудувам нападот, напиша германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок и го повика Иран веднаш да го запре нападот, кој „го приближува регионот до бездната“.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез го осуди лансирањето на ракетата од Иран и повика на прекин на „спиралата на насилство“ во регионот.

Русија рече дека експлозивната ситуација на Блискиот исток го покажува „тоталниот неуспех“ на американската политика во регионот и „немоќта“ на Вашингтон да спречи ескалација.

Францускиот премиер, Мишел Барние беше загрижен за ескалацијата на Блискиот исток и за директниот конфликт меѓу Иран и Израел и оцени дека ситуацијата е „исклучително сериозна“.

Британскиот премиер, Кир Стармер го осуди иранскиот напад и ја повтори силната посветеност на Велика Британија за безбедноста во Израел.

Тој ја истакна важноста на прекинот на огнот во Либан, каде Израел изведува напади против Хезболах, и повторно повика на прекин на огнот во Газа и враќање на израелските заложници.

Палестинското исламистичко движење Хамас го поздрави иранскиот напад и рече дека тоа е одмазда по израелското убиство на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија и лидерот на либанскиот Хезболах, Хасан Насралах.

И милицијата Хути во Јемен, поддржана од Иран, го пофали Техеран за истрелувањето балистички ракети кон Израел, тврдејќи дека операцијата погодила израелски воени цели.

Од Марија Спасовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп бара капитулација: Конфликтот со Иран е на работ на ескалација

Поддршка за независност: Порторико се бори за својата иднина во Конгресот

Трамп издаде наредба за враќање во служба на војниците кои одбиваа да се вакцинираат од Ковид

Полска бара од Германија компензација за воените штети

Никарагва бара Германија да ја стопира поддршката за Израел

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ повикува на подобра инфраструктурна интеграција на Балканот

Свет

Во Турција уапсени 65 луѓе поради поврзаност со ИД

Свет

Шест години по Brexit: Дали целите се постигнати?

Свет

Ево Моралес: Цензура на медиумите е авторитарен потег на владата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?