Ќе се реконструира влезот во Башино Село. Фирмата изведувач веќе е избрана и градежните зафати наскоро ќе започнат. Целосната реконструкција на влезот на селото е по барање на тамошните жители.
Проектот за реконструкција на влезот на Башино Село е еден од петнаесетте проекти за чија реализација Општина Велес обезбеди финансиски средства преку Владата во соработка со Министерството за транспорт.
Реконструкцијата на влезот ќе придонесе за поефикасен развој на селото.
Извор:veles.gov.mk


